Повеќето луѓе не можат да ја препознаат генетски модифицираната храна, храната преполна со пестициди и отровни хемикалии, храната преполна со хормони, антибиотици, вештачки додатоци и подобрувачи на вкус.
За жал, денес на Балканот дојде време кога дури на планините ретко може да се најде чист воздух, водата ни е затруена, дрвата се болни и изумираат, се сечат и палат, а за храната и да не говориме.
Честопати луѓето се прашуваат: Каква храна јадеме, каков воздух дишеме, каква вода пиеме? Сведоци сме на ѓубре и отпадоци насекаде околу нас, и додека развиените земји го класифицираат ѓубрето на хартија, пластика и стакло, кај нас сè уште го расфрламе по улици, во средината во која живееме. Постепено, но сигурно, се самоуништуваме.
Бидејќи нашиот портал НМД.мк се занимава претежно со исхраната, направивме мал осврт за намирниците, особено за тоа како обичниот граѓанин да препознае органска, од неорганска (сомнителна) храна.
Повеќето развиени земји ги сметаат ГМО намирниците за штетни по здравјето, а тука се вбројуваат Австралија, Мексико, Перу и Јапонија, и сите земји од Европската унија во кои постојат значителни рестрикции или забрани за производство и продажба на ГМО производите. Воедно, на тој начин си ги заштитуваат автохтоните семиња и го сочувуваат биодиверзитетот кој постепено се намалува.
Како да препознаете дали некој производ е органски или не?
Со читање на кодот или цената, можете да препознаете дали производот е органски одгледан или станува збор за гмо, одгледан со вештачко ѓубриво, пестициди, фунгициди, антибиотици, хормони.
Неорганските производи се означени со 4-цифрен код. На пример, индустриските банани се означени со кодот 4011, а органските се бележани со кодот 94.011.
Органското овошје и зеленчук кое се произведува без синтетски хемикалии, главно се бележи со 5 цифрен број и почнуваат со цифрата 9.
Генетски модифоцираното овошје и зеленчук, исто така е означено со 5 цифрен број кој започнува со цифрата 8. Што значи, генетски модифицираната банана ќе носи код 84.011.
Овошјето и зеленчукот кој се одгледал на вообичаен начин (со прскање на хемикалии) ќе носи код од 4 цифри.
На пример:
Вообичаено одгледан домат има код: 4023
Органски домат има код: 94023
Генетски модифициран домат: 84023.
Освен зеленчукот и овошјето, исто така загрозени се месото и месните преработки, рибата, како и млекото, млечните производи, лебот и јајцата. Сите овие производи, особено производите од животинско потекло, содржат големи количини на антибиотици, хормони и други штетни состојки.
Пример за тоа колку луѓето можат далеку да отидат само за да заработат повеќе пари, е примерот со белгискиот син бик.
Муускулите на овие бикови се двојно поголеми од мускулите на обичните бикови, а возрасните мажјаци тежат и по 1 тон!
Расата има зголемена способност да ја претвора храната во чист мускул и има минимална количина на сало. Оваа раса на крави и бикови е позната уште и како „двојно-мускулна“, поради тоа што наместо да расте поединечниот мускул, кај нив има повеќе мускулни влакна.
Ваквата раса прв пат е документирана во 1808 година во северниот дел на Белгија. Модерната сина говедска раса е развиена во 1950-тите од страна на професор Хенсет, кој работел во центар за вештачко оплодување во провинцијата Лиеж. Погледнете ја репортажата за него на видеото подолу: