Не е се’ онака како што изгледа.
Луѓето кои дневно пијат околу 2,5 литри пиво го подигаат нивото на арсен во телото за околу 30%, пишува Men’s Health.
Алкохолот во пивото може да ја влоши способноста на телото да ги свари супстанциите кои ги содржат житариците од пивото и на тој начин тие остануваат во вашиот организам.
Покрај пивото, други намирници кои предизвикуваат задржување на арсен во организмот се рибата и оризот.
Арсенот се наоѓа насекаде околу нас, па така многу лесно доспева во водата и намирниците кои секојдневно ги консумираме.
И секако дека труење нема да настане доколку повремено изедете суши или рижото, но секојдневниот внес на намирници полни со арсен, со време може да доведе со задржување на поголеми количини во организмот.
Светската здравствена организација проценува дека долготрајната изложеност од околу пет години може да предизвика сериозни нус појави, како што се откажување на бубрезите и различни видови на рак.
Одржувајте го здравјето на организмот така што ќе јадете разновидна храна и не се задржувајте само на еден вид намирници.
Консумирајте повеќе антиоксиданти, витамини А, Б, Ц и Е како и рибофлавин и фолна киселина, кои можат да го намалат ризикот за околу 68%.