Печениот лук одлично делува за здравјето на организмот, а особено го намалува холестеролот, па затоа треба редовно да го имаме на трпезата. Лукот е познат како најсилниот природен антибиотик, кој ја разредува густата к-рв и го намалува притисокот. Но, ова се познати податоци за сировиот лук и тоа откако малку ќе се исече и ќе отстои за да се активира алицинот.




Меѓутоа, освен сировиот лук, и печениот лук е исто така лековит. Според експертите, секојдневното консумирање на 4 чешниња лук, може да има импресивни резултати. Постојат дури и податоци за тоа, како лукот се дигестира и како делува во организмот после конcyмацијата.




Како се пече лукот: се чистат главиците од надворешната лушпа и се засекува малку при врвот. Главиците се редат во огноотпорен сад обложен со хартија. Врз секој лук се става по една супена лажица маслиново масло. Одозгора се наросува со морска сол и црн пипер. Некој ги завиткува алу-фолија, па така ги пече.




Се става да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час, додека лукот да омекне. Кога јадете лук, се смета дека неговото дејство е толку силно, што нашето тело и после 24 часа ги користи неговите бенефити.




Еве, според некои анализи, што се случува во телото кога се конcyмира печен лук (или кромид): Во првиот час лукот се вари во желудникот и станува храна за телото. До четвртиот час веќе се апсорбираат неговите состојки и започнува неговото дејство особено во бор-бата против слободнитев радикали.




До шестиот час, метаболизмот на организмот започнува да ги користи придобивките од лукот и го активира процесот за отстранување на вишокот течности, а притоа помага и во побрзо разложување на масните депоа во организмот.




Во седмиот час се активираат неговите антибактериски својства и делува противвоспалително. Следните три часа, хранливите материи веќе ја извршиле својата функција во клетките, па така, лукот заштитува од оксидација.




Откако ќе се дигестира (во првиот час), лукот во телото го започнува процесот на длабинско чистење, вклучувајќи ги следните процеси: регулација на нивото на холестерол; чистење на артериите и го заштитува организмот од срцеви проблеми; го намалува и подобрува нивото на кр-вниот притисок; ја зголемува природната заштита на организмот и го зголемува имунитетот;




Во процесот на чистење, лукот помага во отстранување на теш-ките метали од телото; помага за подобрување на цврстината на коските; помага да се отстрани уморот и поради неговата голема нутритивна содржина ги подобрува атлетските способности.