ХИТ РЕЦЕПТ – ДЕСЕРТ ВО ЧАША ЗА САМО 10 МИНУТИ! Многу вкусно и освежително со евтини состојки… Имаме два рецепти за вас, еден со сос од малини и вториот со вишни. Еве што ви е потребно:

рецепт 2

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За пудинг:
1 чаша шеќер (или по вкус)
2 1/2 лажици брашно
2 1/2 лажици скроб/нишесте/густин
1 литар млеко

И уште:
1-2 лажици путер
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка крем шлаг

За сос од малини:
300 г смрзнати малини (или бобинки по избор)
2 лажици скроб/нишесте/густин
120 мл вода
4 лажици шеќер или по вкус

рецепт 1

ПОСТАПКА:

1.Сите потребни состојки за подинг сипете ги во тенџере и добро измешајте за да нема грутчиња. Загревајте на умерен оган со непрекинато мешање додека убаво да згусне.

2.Во сварениот крем додека е топол додајте го путерот, ванилата и прашокот од една кесичка шлаг крем со вкус на ванила. Изматете со миксер.

3.Наполнете ги десертните чаши претходно навлажнети со ладна вода. Оставете да се олади и стврдне.

4.За сос: сите потребни состојки измешајте ги и ставете ги на умерен оган.

5.Мешајте додека да свари и малку да згусне сосот.

6.Сипете го сосот рамномерно врз оладениот пудинг.

7.Оставете да се олади во фрижидер 3-4 часа пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 чаша шеќер
3 лажици брашно
2 лажици скроб/нишесте/густин
1 литар млеко
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка шлаг крем во прав

За сосот од вишни:
200 г вишни без семки
5 лажици шеќер
1-2 лажици скроб/нишесте/густин
120 мл вода
и уште: мелена плазма по 1-2 лажици за дното на секоја чаша

ПОСТАПКАТА е иста како и за претходниот рецепт, а можете да ја погледнете ОВДЕ.