Фотографија и рецепт на Валентина Машковиќ
Потребни состојки: 300 г путер или маргарин, 200-250 г шеќер во прав, 200 г кондензирано млеко, 200 г растопено бело чоколадо за готвење, 1 мала чаша кисела павлака од 180 г, 1 лименка 500 г ананас во парчиња, 500 г орео кекси издробени за во смесата + 100 г за декорација
По потреба ако случајно смесата е мека, додадете уште 100 г мелени обични или плазма бисквити.
Постапка: изматете го путерот со шеќер во прав, па додадете кондензирано млеко, растопеното чоколадо, павлаката, и сите состојки соединете ги со миксер.
На тоа додадете орео издробени кекси и 500 г сечкан ананас или друго сезонско овошје по вкус. Целата оваа смеса излејте ја во калап 26 см израмнете и оставете во фрижидер неколку часови за да се стегне. Деталите можете да ги погледнете во видеото: