Без разлика дали се филува со месо, сирење, компири, домашни или готови пити, хармоника питата едноставно ја сакаат сите. Подготовката е главно едноставна, а еден од подобрите рецепти е со сирење. Ви предлагаме да ја направите турската верзија на хармоника пита. Никој не застанал на едно парче кога ја пробал оваа пита.
„Неодамна имавме гости и го подготвив овој рецепт кој случајно го пронајдов. Веднаш си го запишав бидејќи многу ми се допадна. Гостите останаа воодушевени и пријателката веднаш ми побара рецепт. Питата беше толку многу сочна, што и да не содржеше фил, пак ќе беше многу вкусна.“ Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 пакување кори, 200 г фета сирење или некое друго меко сирење, 1 китка магдонос, тврд кашкавал. ЗА ФИЛОТ: 2 јајца, 1 лажичка сол, 4 полни лажици јогурт, 200 мл млеко, 100 мл масло, 200 мл газирана вода.
ПОСТАПКА: Подгответе го филот со сирење, така што со виљушка ќе го издробите во кремаста паста. Доколку е потребно, сирењето се посолува по вкус. Магдоносот исечкајте го на ситно, па додајте го во сирењето и измешајте.
Настрана изрендајте го тврдиот кашкавал, но не го мешајте со сирењето и магдоносот, се додава одделно. Потоа се подготвува смеса за преливање. Во сад се матат посолените јајца со жица или маталка, па се додава јогуртот кој треба да биде млак. Сѐ убаво се меша и се соеиднува.
Потоа се додава и маслото и газираната вода и се соединува еднолично. Смесата треба да има течна конзистентност за сипување. Земете една кора, раширете ја на рамна површпина и наросете ја прво со ренданиот кашкавал, па наросете со смесата со фета сирење и магдонос.
Потоа, соберете ја кората како хармоника (како што е прикажано на сликата) и згужвајте ја во плех, обложен со хартија за печење. Доколку не ви ја собира целата кора, поделете ја на половина и додајте ја во два реда. Филувајте и редете сѐ додека да ги потрошите корите и филовите.
Смесата со јогурт и млеко прелијте ја врз наредената згужвана пита. Се пече во загреана рерна на 180°C, околу 30-35 минути, додека да порумени и да фати коричка. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.