Може да се приготви во повеќе облици. Јас ги направив во облик на чамци. Рецептот е многу едноставен и добар, зошто добивате многу вкусно јадење од маногу малку намирници. / Фотографија и рецепт на Зорица Стајиќ
Потребни состојки: 400 г брашно, 150 мл вода, 10 г квасец, 1 јајце, 1 лажица маргарин/путер, сол и шеќер, 300 г сирење и 2-3 јајца
Постапка: разматете го квасецот во малку вода со лажичка шеќер и оставете да се активира и запени околу 10-тина минути. Во подлабок сад ставете брашно.
Додајте јајце, маргарин, активиран квасец и сол. Замесете го тестото и оставете го да стасува околу половина час.
Потоа размесете го и поделете го на 3-4 топчиња. Од секое топче развлечете кора со дебелина од 3-4 см, во јајцевиден облик. Во средината на тестото ставете издробено сирење, а ивиците на тестото подвиткајте ги како на фотографијата.
Вака приготвените чамци ставете ги во намастен плх и печете ги во добро загреана рерна околу 10-15 минути, па извадете ги од рерна. Врз секое скршете по едно јајце и вратете го во рерната да се пече уште околу 5 минути, т.е додека јајцата малку да се запечат.
Извадете ги од рерна и премачкајте ги од страна со малку путер/маргарин. Послужете со младо кромиче, јогурт и слично.
Фотографија и рецепт на Зорица Стајиќ