Одлична брза гужвана пита со сирење, за појадок, ручек или вечера. Многу е вкусна, а може да се послужи со јогурт или кисело млеко.
Потребни состојки: 500 г готови кори, 4 јајца, 300 г младо сирење, 150 г кајмак, 200 мл масло, 200 мл газирана, минерална вода и сол по потреба
Постапка: во подлабок сад изматете 4 јајца со маталка или виљушка, па додадете 200 мл масло и уште малку изматете.
Во смесата додадете 5 лажици кајмак, па откако ќе промешате и ќе се изедначат состојките, додадете и 300 г меко, младо сирење. Издробете го сирењето па додадете 200 мл газирана вода. Промешајте кратко.
Од половина килограм кори одвојте две, а остатокот отворете ги на работна површина, па со остар нож исечете ленти со широлина од 2-3 см. Исечените ленти ставете ги во смесата од јајца и промешајте за убаво и рамнерно да се натопат.
Намастете ја тркалезната тепсија и обложете ја со две кори кои од половината натаму ќе висат надвор од тепсијата. Премачкјате ги со масло, па целата содржина од сечените ленти и смесата со јајца излејте ја внатре.
Израмнете и покријте со корите кои висеа од страна. Одозгора премачкајте со масло, па ставете ја гибаницата да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото: