Фото и рецепт: Славица Мургева

Потребни состојки:

500 г кори
200 г бело чоколадо
400 г ореви или лешници
6-7 мелени бисквити
250 г путер/маргарин
5 големи лажици масло

Постапка:

За 500 г кори користам 200 г сечкано бело чоколадо кое го мешам со сечкани 400 г ореви, а наместо презла користам 6-7 мелени бисквити.

Гужвана баклава (Фото и рецепт: Славица Мургева)

Сето тоа го мешам, ставам на крајот од кората, а потоа со сукало ја завиткувам. Први вадењето на сукалото се набита кората да излезе како “гужван грклан”.

Гужваните кори се редат во правоаголна тава. Се сече на парчиња. Потоа се растопува 250 г путер со 5 големи лажици масло и се полева баклавата.

Гужвана баклава (Фото и рецепт: Славица Мургева)

Се пече во загреана рерна на 175-200 степени 15-20 минути во зависност од тоа како пече вашата рерна.

Топлата баклава се попарува со топол шербет: 900 г шеќер со 500 мл вода да зоврие.

Гужвана баклава (Фото и рецепт: Славица Мургева)

За убаво да ви се виткаат корите, претходно покријте ги со полувлажна крпа. Освен сукало, можете да го користите средниот дел од закачалки за панталони, исто така е тенко.
Се мота по една кора, но може и по две одеднаш.

Гужвана баклава (Фото и рецепт: Славица Мургева)

Гужвана баклава (Фото и рецепт: Славица Мургева)

Гужвана баклава (Фото и рецепт: Славица Мургева)