Многу вкусни печива кои ги направив денес за вечера, а рецептот го имам благодарение на каналот „Вкусно и брзо“. Ова е еден германски, вкусен рецепт за тесто филувано со мелено месо кое се прави неверојатно брзо, за 1 час најмногу ќе биде на вашата маса.




Месото не треба да го подготвувате однапред, а ниту тестото не се чека да стасува. Тестото се подготвува без јајца и без квасец и е компактно тврдо тесто кое е превкусно. Сите ќе ви бараат двојна доза од овој рецепт. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г бело брашно, 1/2 лажичка сол, малку зовриена вода, 1-2 лажици масло/растопен путер, 800 г мелено месо, 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка црн пипер, 30 мл вода, 30 г путер, неколку стапчиња млад кромид, малку магдонос.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад, ставете го целото брашно (вкупно 500 г), додајте 1/2 лажичка сол и малку промешајте. Направете мала вдлабнатина на средина и сипајте малку зовриена вода одокативно, па мешајте ја смесата додека да почнe да се формира тестоto (по потреба додајте повеќе вода).




Преминете на месење со рака (5-10 мин) и формирајте тврдо и компактно тесто кое нема да се распаѓа. Тестото прелијте го со 1-2 лажици масло или растопен путер и уште малку измешајте го додека маснотијата да се распореди низ него. Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и оставете да одмори 15-20 минути на собна температура.




Настрана подгответе го филот со мелено месо: месото ставете го во сад, зачинете со 1/2 лажичка сол, 1/2 лажичка црн пипер и измешајте го додека да се распоредат зачините. Може да додадете и лук во гранули и некои други зачини по вкус.




Исечајте го младото кромитче на ситно, па додајте го во меленото месо и измешајте. Додајте и неколку листови магдонос, ситно сечкани, па додајте и 30 мл вода во месото. Измешајте го со дрвена лажица додека да се соединат состојките, па тргнете го настрана. Месото не се готви пред филување, директно оди на рингла да се зготви заедно со тестото.




Преминете на подготовка на тестото. Тестото поделете го на 5 еднакви делови, па секој дел замесете го во топче, па потоа со помош на оклагија развлечете го во круг со големина на плитка чинија. На истиот начин, подгответе ги и останатите 4 теста кои ги тргнавте настрана.




Кога ќе ги развлечете сите теста, започнете со филувањето. На средина ставете една голема топка мелено месо и со помош на краевите затворете како вреќичка и убаво слепете ги сите краеви. Тестото превртете го на обратната страна и развлечете го нежно со окглагија да се зголеми малку, но сепак да биде дебело како гурманска плескавица. На истиот начин се подготвуваат и останатите теста.

Во намастено и загреано тавче пржете ги превкусните филувани печива од 5-7 минути на секоја страна на ниска температура. Тестото треба да фати убава коричка од секоја страна, а потоа се редат на плех, обложен со хартија за печење.

30 г путер исечкајте го на коцки на 5 делови, па врз секое тесто ставете на средина по една коцка. Печивата испечете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, уште 10-15 минути со повремено проверување.

По печењето, малку оставете да се оладат, па може да ги јадете со мешавина од неколку лажици павлака, малку ситно сечкан копар и 1-2 чешниња лук. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.