Иако можеби сте слушнале и прочитале за бројни ефикасни рецепти за слабеење, ова е веројатно најдоброто оружје со кое најбрзо и најефикасно ќе се ослободите од вишокот килограми.

Освен што ги согорува вишокот масти особено на стомакот, колковите и бутовите, ѓумбировата вода може да го подобри вашето здравје на неколку различни нивоа.

КАКО СЕ ПРАВИ ЃУМБИРОВА ВОДА

Ставете на висока температура околу 1-1,5 литар вода да зоврие. Потоа ставете исечкан ѓумбиров корен, намалете ја температурата на умерено, да се вари 15 минути. Потоа тргнете од оган, оставете да излади, па процедете.

Ѓумбировата вода се пие во текот на денот, секој ден. Пијте најмалку 1 литар на ден. Чување го пијалакот во термос, па носете го насекаде каде и да одите. За оптимални резултати, вашата ѓумбирова вода мора секогаш да биде свежа.

Третманот со ѓумбирова вода трае најмалку шест месеци за целосно да се прочисти телото од токсини.

Здравствени придобивки од ѓумбирова вода:

1 # ѓумбировата вода може да го регулира нивото на холестерол

Едно од лековитите својства на ѓумбирот вклучува силен ефект врз високите нивоа на холестерол, што може да доведе до болести поврзани со дебелината, како што се срцеви заболувања и некои видови на рак.

Освен што го намалува холестеролот, овој напиток може да го регулира крвниот притисок.

2 # ѓумбировата вода има силни анти-воспалителни ефекти

Друга важна здравствена корист од ѓумбировата вода е тоа што може значително да го намали воспалението, проследено со оток и болка, особено како што се остеоартритис и реума.

Според една статија објавена во Јournal of Medicinal Food, овој неверојатен корен содржи моќни анти-воспалителни својства.

3 # ѓумбировата вода е моќен антиоксиданс

Ѓумбирот е богат извор на антиоксиданси. Овие моќни состојки се исклучително корисни за борба против слободните радикали, кои се нестабилни молекули и кои можат сериозно да ги оштетат здравите клетки и да доведат до сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи го и ракот.

4 # ѓумбировата вода може да заштити од рак

Ѓумбировата вода може да биде исклучително ефикасна во спречување и инхибиција на развојот на ракот.

Според една статија објавена во British Journal of Nutrition, ѓумбирот содржи моќни анти-воспалителни и антиоксидантни својства кои можат да го забават, дури и да го спречат ширењето на одредени видови на рак.