Има повеќе рецепти за приготвување на овој познат природен препарат кој одамна се користи за јакнење на имунитетот, како и превентива од настинки и разни заболувања, кашлица, мачнини, а особено им се препорачува на луѓе кои патуваат. Еве како се приготвува сирупот и медот (2 рецепти):




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (витамински сируп за имунитет): 200 г свеж ѓумбир, 2 лимони, 1 литар вода, 500 мл домашен квалитетен мед и 1 чили пиперка. Добро е доколку имате свежа чили пиперка, но ако не можете да набавите, користете чили во прав.




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете еден литар вода. Исцедете го сокот од два лимони и додајте го сокот во водата. Пиперката чили исчистете ја, ситно исечкјате ја и додајте ја во тенџерето заедно со водата и лимоновиот сок.




Ѓумбирот измијте го со ладна вода, отстранете ги чворовите и нечистотијата, па изрендајте го без да го излупите на крупната страна од рендето. Потоа и ренданиот ѓумбир додајте го во тенџерето со водата.




Тенџерето ставете го да се загрева на оган на многу слаба температура со постојано мешање, 20 минути. Внимавајте, не смее да зоврие зошто ќе се изгубат хранливите материи! Потребно е само малку да се загрее колку да се поврзат сите состојки и да се отпуштат активните состојки.




Потоа оставете го малку да се олади па процедете го низ газа или ситна цедалка, а добиената течност помешајте со половина килограм чист, квалитетен мед. Складирајте во стерилизирани стаклени шишиња, добро затворете и чувајте во фрижидер до 1 месец. Се пие по 50 мл секој ден помеѓу оброци или на гладно за подобрување на циркулацијата, имунитетот, дигестијата и превенција од настинки.




Може да го приготвите и на следниот начин: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лимон, 2-3 см свеж ѓумбир, 300 мл домашен квалитетен мед и една стаклена стерилизирана тегла од 450 мл. ПОСТАПКА: Свежиот ѓумбирт измијте го, излупете го и ситно исечкајте го на тенки лентички.




Лимонот исто така исечкјате го на тенки полумесечинки. Пожелно е лимонот да биде органски, но доколку не е, во тој случај исперете го ладна вода и оставете го неколку часа да отстои во раствор со сода бикарбона и оцет. потоа добро истријте ја кората и иплакнете со ладна вода.




На дното од стаклена тегла ставете го сечканиот ѓумбир, прекријте го со исечканиот лимон и сето тоа залијте го со мед. Затворете ја цврсто теглата и оставете ја во фрижидер да отстои 2 до 3 месеци.




Вака приготвениот мед од ѓумбир има долг рок на траење. Се користи по една супена лажичка растворена во чаша топла вода или млак чај. Помага во лекувањето на настинки, грип, кашлица, мачнина, подобрување на имуниетот, дигестијата и циркулацијата.