Многу вкусно јадење!
Потребни состојки: 500 г пилешки гради, 200 г грашок, 200 г морков, 100 г корен од целер, ½ китка свеж магдонос, 1 главица црвен кромид, 2 чешниња лук, 4 големи лажици лебни трошки, 5 големи лажици масло, 500 мл доматен сос, сол и црн пипер
Постапка: Црвениот кромид ситно исечкајте го, додадете масло, ситно сечкан лук и на тивко продинстајте. Додадете пилешко исечено на мали коцки.
Кога пилешкото е малку запечено, посолете и запиперете по желба. Додадете 200 мл вода. На полупрженото месо додадете му морков и целер исечкани ситно на коцкички.
После пет минути додадете го грашокот и сето заедно динстајте додека да омекне, но внимавајте зеленчукот да не ви се превари.
На крај додадете ситно сечкан магдонос, доматен сос и лебни трошки. Нека провари уште минутка колку да се спојат вкусовите.