Сите го користат чајот од липа за симнување на високата температура, а малкумина знаат дека оваа билка има неверојатна способност за исфрлање на вишокот соли од организмот, а со тоа е ефикасна во лекувањето на артритис, гихт и слични болести поврзани со зглобовите, пишува НМД.мк




Акумулацијата на соли во телото, особено во зглобовите е проблем кај многумина луѓе кои се соочуваат го бројни непријатности. Затоа, многу е важно да се исчисти телото од овие вишок соли и да не им се дозволи да се наталожат во ткивата.




Веќе пишувавме за својствата на ловориот лист и како со негова помош може да се помогне во исфрлањето на овие вишок соли од телото, но малкумина знаат дека иста ваква способност поседува и ароматичниот цвет на липата кој многумина сакаат да го пијат како чај.




Липата е полн ек на цветање во месец јули, кога и се собира овој миризлив чај. Доколку не сте собрале оваа година, истиот можете да го набавите од подобро снабдените билни аптеки (најдобар е рефусниот, но може да послужи и оној пакуваниот во филтер кесички).




РЕЦЕПТ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ТЕЛОТО ОД СОЛ: Ставете една полна рака или две во литар-два зовриена вода. Чајот може да го приготвите и поконцентриран доколку сакате. Поклопете го садот и оставете вака да отстои половина час. Потоа процедете.

КАКО СЕ КОРИСТИ: Најдобро е ваквата „инфузија“ да се приготвува наутро, а потоа навечер да се загрее до пријатна температура. Потопете ги стапалата до глуждовите или дланките, соодветно на тоа кој зглоб сакате да го третирате.




Врз нозете/дланките поставете проѕирна фолија или кеса, а одозгора покријте со топло ќебе за да се задржи топлината и добро да се загреат екстремитетите. Во ваквата „бања“ задржете се приближно 30-40 минути.

По потреба можете да долевате топла вода во бањата. Истата течност можете да ја сочувате и да ја користите повторно. Постапката повторувајте ја секојдневно во период од 3-4 дена.




Откако ќе заврши „киснењето“ на стапалата/рацете, процедурата продолжува со облекување на топли, волнени чорапи или ракавици и така затоплени легнете си на спиење. Оваа бања помага полесно и побрзо да се отстранат наталожените соли од зглобовите. Можете да се обидете и со јаболкова киселина, бидејќи и таа многу помага во лекувањето на зглобовите. Еве како:




БАЊА. Измешајте 1 чаша јаболкова киселина со 6 чаши вода и во оваа течност натопете ги рацете или нозете. Ако имате болки во областа на вратот или на некој друг дел од телото, ставете облога на болното место.




ТРИЕЊЕ. Измешајте 2 супени лажици јаболкова киселина со 1 супена лажица маслиново масло, добро промешајте и втријте ја оваа смеса во болните зглобови. Редовните триења помагаат и ефикасно ги елиминираат тегобите.




ИСЦЕЛИТЕЛЕН НАПИТОК. Растворете 3 супени лажици јаболкова киселина во 300 мл вода или било кој овошен сок. Консумирајте го овој напиток трипати дневно, пред оброк. Јаболковата киселина е одлично и докажано оружје во борбата против болките во зглобови, а помеѓу останатото е силен антиоксидант, кој помага во чистење на организмот од токсини.




ЛЕКОВИТ МЕВЛЕМ. Потребни состојки: 200 грама домашен селски сапун, 200 мл ракија комова, 200 грама домат без семки.

Постапка: Сапунот се ренда, се додаваат доматот и ракијата, па заедно се блендираат додека да се добие кашеста смеса. Со овој мевлем се масира б олното место 2-3 пати во текот на денот. Се чува во соодветен сад во фрижидер.