Оваа пита е одлично решение доколку немате доволно сирење или ако сакате некоја полесна варијанта од питата со сирење. Иако не содржи сирење, питата има вкус како да е филувана со младо сирење.




Ова не е „ембарго“ пита, бидејќи не сакаме да штедиме на состојки, туку сакаме да постигнеме нешто сосем друго. Дополнително, неодоливо наликува на гибаница и по вкус и по изглед – Медведица.




Потребни состојки: 500 г кори за пита, 6 јајца, 600 мл јогурт, 100 мл масло, 180 г кисела павлака, 10 г прашок за печиво, сол по вкус

Постапка: со виљушка изматете ги јајцата, киселата павлака, посолете и додајте прашок за печиво, па соединете со јогуртот и маслото. Плех со величина 21х36 см (оној стариот ако го имате со бели точки) малку намастете го о обложете го со најдебелата кора во пакувањето.




Останатите кори преклопувајте ги како да правите лепеза, односно хармоника, но приближно преклопот да биде со широчина од 6 см (за да ви бида питата со подеднаква дебелина).

Во зависност од величината на корите и плехот, диплете ги корите по широката или долгата страна. Редете ги во плехот како што е прикажано на фотографијата. Внимателно распоредувајте го филот помеѓу наборите.




Кората која ви виси преку плехот, убаво подбутнете ја во внатрешноста. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени околу половина час, па потоа намалете ја температурата и печете уште толку време.




Доколку забележите дека многу брзо се зацрвенува од горнатра страна, тогаш најдобро би било да ставите хартија или фолија одозгора и да го продолжите печењето. Откако ќе се испече питата, додека е врела покријте ја со влажна памучна крпа.




Оставете ја вака да отстои половина час за да омекне и да се подизлади. Доколку питата ја сакате покрцкава, тогаш овој чекор треба да го прескокнете и да ја оставите питата да се олади без покривање. Медведица / Сооlinarika.com Многу е вкусна и питата од следниот рецепт, која се приготвува исто така, од јогурт и гриз:




Гриз пита со јогурт – гостите беа воодушевени од вкусот и прашаа каде сме ја криеле досега​

Потребни состојки: 500 г готови кори за пита, 4 јајца, 100 мл масло (дел од ова оди за намастување на плехот, речиси половина), 4 лажици гриз, 500 мл јогурт, 1 кесичка прашок за печиво и 1 мала лажичка сок




Постапка: вклучете ја рерната да се загрева на 250-220 степени. Плехот 35х25 см намастете го со масло и во него ставете една кора. Останатите кори диплете ги со преклопување по должина,  слично на лепеза или хармоника и редете во плехот (исто како во претходниот рецепт).




​Во посебен сад измешајте ги сите други состојки, односно направете смеса од јајца, масло, гриз, јогурт, прашок за печиво и сол. Смесата истурете ја помеѓу преклопите.




Ставете ја питата да се пече и веднаш намалете на 220-200 степени. Кога малку ќе зарумени намалете ја температурата на 200-180 степени и печете додека да биде готова.