Дознајте зошто се подобри од ледените коцки! Потребни состојки: 7 белки, 5 жолчки, 10 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 3 лажици какао, 4 лажици брашно, 6 лажици млака вода

За крем: 1 литар млеко, 200 г гриз, 100 г путер/маргарин, 2 жолчки, 2 лажици шеќер, 4 ванилин шеќер, 100 г шеќер во прав. За глазура: 100 г чоколадо за готвење, 3 лажици масло, 100 мл млеко

Постапка: За тесто: одвојте ги белките од жолчките и изматете цврст снег (додадете прстофат сол за дополнителна цврстина). Потоа полека додавајте го шеќерот и матете додека да се растопи, односно додека снегот да стане стаклест.

Во изматените белки почнете да додавате една по една жолчка, вкупно пет, матејќи со најмала брзина. Во изматената смеса додадете млака вода и ванилин шеќер. Исклучете го мискерот и понатаму матете со шпатула или дрвена лажица за да остане смесата воздушеста.

Соединете го брашното, какаото и прашокот за печиво, па полека додадете во смесата матејќи внимателно со шпатула додека да се соедини. Смесата печете ја во тркалезен или правоаголен плех обложен со хартија или премачкан со масло и наросен со брашно за да не се лепи.

Печете на 180 степени околу 20-25 минути во зависност од рерната. Кога е печено, извадете од рерна и оставете да излади. За да остане мек и сочен колачот полејте го 100 мл млеко и шеќер.

ФИЛ: млекото ставете го да проврие, а за тоа време изматете со малку млеко гриз и ванилин шеќер. Кога млекото ќе проврие изматете го гризот (направете смеса како за пудинг).

Кога ќе згусне тргнете од оган и оставете да излади. Потоа додадете изматен путер и промешајте. Во филот додадете и шеќер, а ако сакате да биде послатко, додадете уште малку.

Изматете 2 жолчки со две лажици шеќер на пареа додека да почне смесата да згуснува. Смесата од жолчки полека додавајте ја во смесата од гриз лесно матејќи со миксер. Оставете да излади па прелијте преку кората.

ГЛАЗУРА: на пареа стопете го чоколадото, додадете млеко и масло, па кога сето ќе се соедини, тргнете од оган, малку изладете и прелијте преку колачот. Ледените коцки ставете ги во замрзнувач убаво да изладат. Најдобро е да ги послужите следниот ден.

coolinarika.com