Гриз колач со мерки на чаша: Посочен и повкусен од овој сигурно не сте пробале. Многу е вкусен и едноставен. Ако ги сакате сочните, шербетни колачо какви што ги правеа нашите баби, тогаш дефинитивно ќе ви се допадне и овој. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: за бисквитот: 3 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 1 чаша брашно, 200 г гриз, 1 кесичка прашок за печиво (13 g), 2 кесички ванилин шеќер. Печете го бисквитот во загреана рерна на 180 степени 25-30 минути.
За сируп: 2 чаши шеќер, 2 чаши вода, сок од 1/2 лимон (не е потребно ако немате). Сирупот се готви 7 минути од моментот на вриење. Врелиот колач се залева со ладен сируп. За мерење се користи чаша од 200 мл, а колачот се пече во плех со димензии 32х25 см.
ПОСТАПКА: Во подлабок сад изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата. Потоа додајте по една чаша млеко и масло, 200 г гриз, една чаша брашно и една кесичка прашок за печиво. Добро изматете додека да добиете хомогена смеса без грутчиња.
Приготвената смеса оставете ја да отстои 10-15 минути за да може гризот да омекне и малку да набубри. Повремено промешувајте и смесата е спремна. Калапот 32х25 см (или приближно) намастете го со масло и наросете ја со брашно за да не се залепи колачот.
Излејте ја смесата во приготвениот калап и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени приближно 25-30 минути. Печениот колач исечете го на коцки и полека залијте го со оладениот сируп.
Оставете го колачот добро да се олади па послужете го. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница.
Следно прочитајте: „СОЧЕН ГРИЗ КОЛАЧ: Мерки на чаша, едноставен и брз, нема да се покаете ако го направите, многу е вкусен“ – ОВДЕ.