ГРИЗ КОЛАЧ СО МЕРКИ НА ЧАША…Одличен избор за сите домаќинки…брз колач со ореви, се топи во уста…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 чаша мелени ореви
1 чаша брашно
1 кесичка прашок за печиво

За сируп:
500 г шеќер
600 мл вода
2 шлаг креми за декорација

ПОСТАПКА:

1.Изматете ги јајцата со чаша шеќер, па додајте масло, млеко, гриз, ореви, брашно и прашок за печење. Смесата сипете ја во намастен плех со средна големина и печете во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

2.Соединете ги шечерот и водата доведете до вриење. Сирупот оставете го да проврие неколку минути. Оставете да се олади малку, но не целосно. Со топлиот сируп прелијте го бисквитот и оставете го да се олади.

3.Изматете две шлаг креми според упатството на кесичката и премачкјате го колачот.

Одозгора посипете мелени ореви. Изладете пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.