ГРИЗ КОЛАЧ СО ЈАБОЛКА И ОРЕВИ… Сите го запишуваат овој рецепт…Колачот има неодолив вкус и се топи во уста. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со шолја од 250 мл):

2 јајца,
½ – 1 шолја шеќер, по вкус,
½ шолја масло (125 мл),
1 шолја (250 мл) јогурт
1 шолја (околу 240 г) гриз,
5 г прашок за печиво или сода бикарбона,
4 лажички какао (7-10 г),
1 шолја крупно мелени ореви (околу 150 г),
3-4 јаболка (околу 650 г),
10 г ванилин шеќер (1 кесичка),
1 лажичка цимет,

ЗА ПРЕЛИВ:
1 шолја млеко (250 мл),
100 г чоколадо,
½ шолја шеќер, може и помалку,
50 г путер или маргарин,
3 лажички какао.

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте ги мелените ореви, гризот, прашокот за печиво и какаото. Пенасто изматете ги јајцата со шеќер додека да згуснат, па постепено додајте го маслото, па јогуртот и на крај сувите состојки. Матете со помала брзина.

2.Во смесата додајте рендани јаболка помешани со ванила и цимет. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап со средна големина, па печете 40 минути во загреана рерна на 200 степени.

3.Печениот бисквит избоцкајте го и прелијте го со топлиот прелив (сите состојки доведете ги до вриење, 1 минута).

После 5 минути исечете го и оставете го да се олади. Постапката погледнете ја ОВДЕ.