ГРИЗ КОЛАЧ ОД БАЈКИТЕ…Едноставен рецепт за превкусен десерт без печење…Еве што вви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Кора:
600 мл млеко
6 лажици гриз
6 лажици шеќер
2 лажици какао во прав
20 г чоколадо за готвење
2 лажици рум

Крем:
1 кесичка Пудинг со вкус на ванила
250 мл млеко (за пудингот)
3 лажици шеќер
1 кесичка Ванилин шеќер
120 г шлаг со вкус на ванила
околу 200 мл млеко (за шлаг)

Декорација:
какао во прав по желба

ПОСТАПКА:

Измешајте 1 пудинг со вкус на ванила со 3 лажици шеќер и малку млеко. Сварете го пудингот во 250 мл млеко во кое сте додале еден ванилин шеќер. Истурете го кремот во посебен сад да се излади што побрзо.

Во подлабок сад измешајте 6 лажици гриз, 2 лажици какао и 6 лажици шеќер. Во тенџерето истурете 600 мл млеко и смесата внимателно сипете ја во врелото млеко.

Гответе со непрекинато мешање додека да зоврие и згусне. Додајте 20-тина грама чоколадо и 2 лажици рум. Топлата смеса истурете ја во влажен плех со димензии 30 x 20 см и оставете да се излади.

Изматете 120 г шлаг со 200 мл ладно млеко. Во изладениот пудинг додајте 1-2 лажици шлаг и изматете со миксер. Со шпатула измешајте го остатокот од шлагот.

Намачкајте го кремот преку изладената подлога од гриз.Оставете во фрижидер да се излади преку ноќ. Пред послужување, посипете со какао во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.