ГРИЗ КОЦКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Децата сакаат варен гриз во млеко, а овој колач го сакат уште повеќе…Се топи во уста…Фотографија и рецепт на Сандра Гашпариќ. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За кора (основа):

500 мл вода
500 мл млеко
200 г шеќер
200 г гриз
100 г чоколадо

За крем:

1 литар млеко
4 пудинзи од ванила
10 лажици шеќер (може и повеќе)
150 г маргарин
200 мл слатка павлака за шлаг

За чоколадна глазура:

150 г чоколадо
3 лажици масло
50 г маргарин
2 лажици шеќер во прав
5 лажици млеко

ПОСТАПКА:

За основа: сварете го гризот во комбинација од вода и млеко со шеќер. Кога гризот ќе се згусне, додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи и изедначи. Смесата сипете ја во калап со средна големина, намастен со путер и оставете да се олади.

За крем: сварете околу 800 мл млеко, а остатокот од млекото измешајте го со пудинг и шеќер. Мешајте додека да згусне и оставете целосно да се олади. пенасто изматете го путерот, па постепено додајте го оладениот пудинг.

Настрана изматете го шлагот и полека, со бавни движења помешајте го со кремот. Филот рамномерно распоредете го врз оладената гриз-подлога.

Сè заедно добро изладете па залијте со чоколадна глазура која се прави со топење на чоколадо измешано со масло, маргарин, млеко и шеќер. Фотографија и рецепт на Сандра Гашпариќ.