ГРИЗ АЛВА…Многу ја сакаме и често ја правам…Подготовката е брза и лесна, одличен посен десерт…Еве што ви е потребно според рецептот на Мерве:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
350 мл вода
200 г шеќер
100 г путер/маргарин/масло
200 г гриз (1 чаша од 200 мл)
ПОСТАПКА:
Прво растворете 200 г шеќер во 350 мл вода и оставете настрана, па во длабок сад растопете 100 г путер и сипете 200 г гриз или околу една чаша.
Гризот испржете го до посакуваната кафеава боја, ако не сакате да биде потемно кафеав, оставете го светол колку што ќе одлучите. Кога ќе зарумени, сипете го сирупот од шеќер и вода, но сипувајте внимателно, бидејќи прска.
Мешајте додека да згусне, 3-4 минути, па исклучете го огнот и по 15-20 минути, алвата е готова за консумирање. Можете да додадете цимет и ванила во шеќерниот сируп – јас не додавам, а можете да додадете и ореви што сакате.
БРЗО И ЕВТИНО…Чоколадната алва е готова за 15 минути…
ДОМАШНА АЛВА НА КОНЦИ…Вкусен и едноставен десерт со семки од сончоглед…