Не може да помине ни еден празник, ни една слава или роденден без овие слатки грлијаш триаголничиња. Брзо и едноставно се приготвуваат, само треба да се внимава да не се превари смесата.
Потребни состојки:
6 жолчки
200 г шеќер
250 г путер
150 г грилијаш
150 г бисквити
100 г ореви
Постапка:
Прво пригответе го грилијашот: растопете 150 г шеќер како карамел, истурете го во намастена чинија и чекајте да излади. Потоа издробете го во аван.
Во сад со дебело дно ставете ги жолчките, 200 г шеќер и путерот. Мешајте со жица на умерен оган додека путерот да се растопи. Кога ќе започнат да се појавуваат меурчиња варете уште 3-4 минути за малку да згусне и толку.
Тргнете од оган, додадете ситно сечкани ореви и бисквити, а на крај додадете го иситнетиот грилијаш. Изедначете ја смесата и излејте ја во триаглест калап обложен со проѕирна фолија.
Оставете да излади и да се стегне, а следниот ден сечете ги триаголниците.
Напомена: Внимавајте смесата да не се готви предолго, бидејќи ќе започне да се рони при сечењето. Доколку остане премногу мека, може да ја ставите помеѓу два листа обланди и после да ја сечете како штангли.