Гравот подгответе на овој начин и заборавете на гасовите и подуеноста во стомакот. Сите го сакаме гравот, не само поради неговиот вкус и текстура, туку и поради тоа што содржи здрави протеини, заcитува, па идеален е доколку внимавате на килогpaмите.
![]()
![]()
![]()
![]()
Меѓутоа, гравот тешко се вари во стомакот и предизвикува гасови и дуење, што кај некои луѓе претставува вистински проблем. Порано, во македонските семејства ова вкусно јадење често се имаше на трпезата, а речиси редовно се подготвуваше во петоците, кога многумина постат.
![]()
![]()
![]()
![]()
Меѓутоа, се чини дека поради овие дигестивни пречки, гравот е сè помалку застапен на менито и сè помалку го готват младите домаќинки и домаќини. Подувањето на стомакот и појавата на гасови се толку честа појава, што веќе станаа и предмет на шега кај нашиот народ.




И претходно, заедно со читателите на НМД се осврнавме на овој проблем, а овојпат за оваа проблематика говореше народниот билкар Момчило Антонијевиќ, кој објасни дека тегобите со стомакот по јадењето на вкусниот грав може да се решат на два начина.
![]()
![]()
![]()
![]()
Веројатно, повеќето од вас, кои и претходно зедоа учество во дискусијата на оваа тема, нема да се изненадат, дека според билкарот, решението и во двата начини се крие во лековитата билка – нането.
Ова растение, од кое се прави и чај, без разлика дали е свежо или суво, е добро познат сојузник на добрата дигестија, а еве како ги отcтранува гасовите и надуеноста.
![]()
![]()
![]()
![]()
„Голема штета е што нането повеќе не се користи, и тоа правилно, во нашата кујна“, рече Антонијевиќ за РТС. „Во грав и зелка, кои тешко се дигестираат и предизвикуваат дуење на стомакот, најдобро е да се додаде нане и на тој начин да се спречат овие проблеми.
![]()
![]()
![]()
![]()
Нането треба да го додадете пред самиот крај, затоа што ако го додадете на почетокот, со долгото готвење ќе исчезнат сите лековити својства и на крај нема ништо да добиете. Значи, додајте го нането на самиот крај од готвењето“, објасни тој.
Нането е многу ароматично растение, па можно е малку да го промени вкусот на храната, но има решение и за тоа. Ако не сакате да се откажете од вкусот на гравот, пијте го чајот после јадење.
![]()
![]()
![]()
![]()
„Нането може да го смени вкусот на храната, па затоа секогаш би ве советувал да си го подготвите гравот на традиционален начин, а потоа да испиете силен чај од нане“, советуваше тој.
НАЧИНОТ НА КОЈ ИВАНА ГО ГОТВИ ГРАВОТ И ВЕЌЕ НЕМА ПРОБЛЕМ СО ГАСОВИТЕ – Без нане
Го обожувам гравот, но ми прави страшни непријатности – ми coздава гасови и ми го дуе стомакот, понекогаш и два-три дена. Што сè не направив: додавав сода бикарбона во варењето, ким, нане, оцет додека го јадев и секојпат со страв дека ќе ми направи проблем.
![]()
![]()
![]()
![]()
За среќа една пријателка ми откри еден трик и оттогаш немам мака со гравот. Потребни состојки: 450 г грав и 10 шолји вода
Постапка: гравот исчистете го, налејте го со вода и ставете да се готви околу 3-4 минути. Тргнете го од рингла и оставете да отстои во текот на ноќта и до приготвувањето без промена на водата во која се готвеше.
![]()
![]()
![]()
![]()
Бидејќи сега е зима можете едноставно да го оставите надвор на тераса, а летно време чувајте го во фрижидер. Следниот ден процедете го, измијте го со ладна вода и налејте нова вода.
Оставете го да проврие уште еднаш колку еден клуч, па и таа вода процедете ја и натаму приготвувајте го по ваш избор. На овој начин од гравот во водата каде киснел излегуваат до 80% несварливи шеќери, кои предизвикуваат отежнато варење и подуеност.
![]()
![]()
![]()
![]()
Оттогаш па до денес не знам ни сама колку пати го приготвувавме гравот на разно-разни начини, од полнети пиперки со грав, чорбест грав, тавче гравче… и ниеднаш досега немав проблем со гасови и со тоа непријатно чувство на подуен стомак / Иванчица / НМД.мк











