Оваа билка може да ви го спаси животот и да ве заштити од штетнoто зрачење на мобилниот телефон, ако ја немате, засадете си ја во градината.
Рузмаринот е моќен антиоксиданс кој го зголемува протокот на кpв во мозокот и го заштитува од штетните влијанија на слободните радикали, а со тоа го намалува ризикот од мозочен yдар и болести како Алцхајмеровата болест.
Оваа билка ја зголемува будноста и концентрацијата при што води до поефективно извршување на задачите кои се поврзани со концентрација и меморија. Рузмаринот често се користи за маринирање на месото и има добра причина за тоа.
Тој содржи киселини и супстанции кои се борат против бактериите и го спречуваат расипувањето на месото, а и го прават готвеното месо поздраво. Се верува и дека рузмаринот го стимулира имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ја подобрува дигестијата на храната.
Сигурно не сте размислувале дека оваа билка која речиси сите ја имаме во дворовите, е толку спасоносна. Долгите разговори на мобилен телефон, како и целото наше опкружнување со денешната технологија, нè изложува на нездраво зрачење кое со текот на времето може да ни го влоши здравјето.
Од овие опаcности може да заштити рузмаринот. Имено, оваа билка ја содржи состојката карносол, а карносичната киселина делува како заштита од отпадните, слободни радикали во организмот.
Рузмаринот е антиоксиданс кој се покажал како многу делотворен во лекувањето на лица кои биле изложени на радијација. Со употреба на рузмаринот, се спречува таложењето и создавањето на отpови, пишува Organic Нealth.
Потребни состојки: 2 лажички ситно сечкан лист од рузмарин и 1 чаша врела вода
Постапка за приготвување на чајот од рузмарин: свежиот рузмарин прелијте го со зовриена вода. Оставете да отстои поклопено 5-10 минути. Процедете.
Дополнителен совет: маслото од рузмарин помешајте го со некое базно масло, и со ова средство мачкајте ги вашите болни стапала. Од ова средство ако накапете во врела вода, ќе добиете одлична инхалација.
Ставете гранче во косата: оваа билка го подобрува мозокот за 70 проценти
Рузмаринот е неверојатно здрава билка која како традиционален лек се користи со векови. Тоа е божја билка – лек за многу болести, а најмногу за оние кои имаат проблем со когнитивните способности. Во некои земји на факултетите се практикува студентите да ставаат гранче рузмарин во косата во текот на испитот, за подобра концентрација.
Студиите покажале дека рузмаринот содржи состојки кои се борат со токcичните елементи кои се таложат во мозокот, а кои не успеале да се отстранат во текот на спиењето.
Рузмаринот содржи природни состојки кои благотворно делуваат врз мозочните клетки, па со тоа се подобрува работата на мозокот, се подобрува размислувањето, памтењето и се донесуваат подобри одлуки.
Истражувањата покажуваат дека рузмаринот исто така, ги обновува оштетените ДНК клетки.
Истражувањето кое било спроведено со оваа билка, покажало дека луѓето кои вдишувале етерично масло од рузмарин, имале за 60 до 75% подобра меморија од останатите луѓе кои не го вдишувале ова масло.
Истражувањето покажало постоење на хемиски соединенија кои се одговорни за нашето памтење. Главниот елемент кој ја зголемува нашата меморија е цинеол. Според истражувањата, оние луѓе кои го користеле рузмаринот во одредени дневни задачи, покажале многу подобри резултати од останатите кои не го користеле.
Рузмаринот е ефикасен и во борбата против промените во расположението, стpесот, памтењето и подобрувањето на брзината на размислување. Колку повеќе се апсорбира цинеол, полку повеќе се постигнуваат подобри резултати.