Видот може значително да се подобри и да се подобри со одредени вежби после кои може да има огромен успех и да им речете „збогум“ на вашите очила. Горица Мијовиќ е инструктор за тренинг на видот која тврди дека со одредени вежби може да се врати окото во претходната состојба…

Окото се фокусира со помош на очни мускули кои ги контролира мозокот. На подеднакво ист начин како што со физичкото вежбање постигнувате подобра кондиција и можете побрзо да трчате, со исто такви вежби може да се постигне и појасен вид.

Горица Мијовиќ




Тренингот за очи е метод со кој се овозможува природно закрепнување и враќање на нормалниот вид со редовна примена на едноставни вежби. Овие вежби секој може да ги научи и успешно да ги изведува во домашни услови, а видот мора да се измери пред отпочнувањето и после вежбањето.

Горица Мијовиќ




Тренингот за вид е наменет за деца на возраст од 8 до 12 години, како и за возрасни од 13 до 113 години. Горица Мијовиќ врз себе ги применила овие вежби и во 2013 целосно го поправила својот вид. Таа всушност успеала на својот мозок да му „даде“ инструкции како да „управува“ со нејзиниот вид, и на тој начин таа трајно се ослобо-дила од проблемите поврзани со видот.




„Во 2009 година ми се појави диоптрија, а тогаш бев доста помлада, бев на факултет, имав минус 4 диоптрија, плус астигматизам кој прерасна во кератоконус. „Минус диоптрија“ значи дека не гледам во далечина, „астигматизам“ значи дека гледам двојно или со сенки (како на пример латиничната букба N ја гледате матно, па таа косата црта не ја гледате добро и не сте сигурни дали гледате „Н“, „М“ или „Х“, објаснува Горица и продолжува:




„Доколку астигматизмот напредува во повисок степен, тогаш се нарекува „кератоконус“, а тоа лекарите го објаснуваат на следниот начин: кога вашето „очно јаболко“ кое треба да биде перфектна топка, ќе добие конусен облик, како топката за американски фудбал, сте добиле „кератоконус“.




Мене ми рекоа дека треба да направам трансплантација на рожницата, па носев тврди леќи од кои не постои ништо понеудобно (кој ги носел, може да ја потврди мојата изјава). Но, ниту тие можеа да ми го коригираат видот доволно за да можам да возам, или да тренирам кошарка и нормално да функционирам.




Навистина во периодот од тие четири години јас се чувствував како инвалид. За мене тоа беше вистински хендикеп. Животот ми се промени за неколку години, а претходно немав никаква диоптрија. За среќа, во Љубљана се сретнав со познат инструктор (Лео Ангарт) и физиотерапевт за очи, па преку него начив што треба да правам:

Една единствена вежбба за астигматизам и за кератоконус и две вежби за минус диоптрија. Ефективно вежбање ми беше потребно во период од три ипол месеци за потполно да го опоравам својот вид, а прогресот се забележува на секои седум дена.




На почетокот без скептична за овој метод и мислев дека тоа функционира само за деца кај кои видот сè уште може да се развива, а не и за возрасни, особено не за мене со ваков вид на проблеми. Знаев за овој вид на вежби од еден мој пријател кој ја носеше својата ќерка, но поради мојот скептицизам не отидов цела една година.

Меѓутоа тој ист мој пријател, самиот ми го уплати курсот, ми плати сместување и превоз. Ми рече: „С рам да ти е ако не отидеш, појди, па кога ќе се вратиш, тогаш ќе ми ги вратиш парите“. Значи, буквално ме натера да одам на таа „работилница“ во Љубљана.




Јас цело време си мислев дека тоа е трошење време и дека никако не може да ми помогне. Бев уверена дека за мојот проблем нема лек освен трансплантација, со која нема ветувачки резултати, односно, никој не ти гарантира дека ниту после опера-цијата ќе има подобрување со видот.

Меѓутоа, за многу кратко време мојот проблем се реши и веќе немам потреба ниту од леќи ниту од какви било други помагала, имам перфектен вид кој и натаму го одржувам. Оттогаш започнав да им помагам на други луѓе, па и сама да одржувам „работилници“.




„Работилниците ги имаме поделено во две групи, едната е за деца од 8 до 12 години, а втората за возрасни од 13 до 113 години. Се решаваат проблеми како кратковидост, далековидост, астигматизам, мрзливо око…па дури и за луѓе кои имале вградување на вештачка леќа, страбизам (шетачко око) и сл.

Горица Мијовиќ




Целото интервју на Горица можете да го погледнете ОВДЕ. Официјалниот сајт на Лео Ангарт „Тренинг за очи“, можете да го посетите ОВДЕ. Вежбата која можете да ја пробате веднаш, а има преку милион прегледи, погледнете ја ОВДЕ (вежби за проток на енергијата во очите).

Горица Мијовиќ