Многумина не внимаваат премногу на правилните обувки кои анатомски треба да се удобни на нивните стапала. Најчесто жените сакаат да ги следат модните трендови и поради неудобните чевли честопати имаат проблеми со зглобовите или со болни стапала.

Едно истражување покажало дека 90% од жените носат превисоки и претесни штикли. Поради тоа жените најчесто имаат сраснат нокт, халукс валгус, петен трн, деформитети на прстите…

Следните знаци веднаш ќе ви откријат дали носите оадекватни обувки:

-Носите ист број на чевли од средно училиште

Со текот на годините сводот на стапалото се спушта со што стапалото се шири. Како старееме така се зголемува и бројот на чевлите кои ги носиме.

-Прстите го допираат врвот на чевлите

Потребно е да има мал празен простор помеѓу прстите и врвот на чевлите. Мора да има слободно место за мрдање на прстите.

Стапалото во текот на денот се поти, па така, она што ви било точно наутро, може да ви биде тесно навечер. Нозете се најголеми на крајот од денот, па најдобро е чевлите да ги купувате предвечер.

-Имате халукс валгус, петен трн, сраснаст нокт

Овие повреди значат дека сте носеле или сè уште носите неудобни чевли, односно дека чевелот ве притиска на одредени места од стапалото и ги иритира.

Притисокот кој го прави чевелот може да доведе до стврднување на кожата или до повреда на зглобовите што доведува до различни деформитети како што горенаведените.

ГАВЕЗ ЗА ХАЛУКС ВАЛГУС

Гавезот содржи алкалоиди, танини, гликозоди, слуз, смола, каротин, етерично масло и алантоин. Најважната состојка која поттикнува раст на клетките во коските, на поткожното и на сврзното ткиво е алантоинот.

Токму поради алантоинот, гавезот е еден од најдобрите природни лекови за исцелување, но лекувањето со овој природен метод може да потрае и до година дена.

Од гавез може да правите и чај, па нозете да ги натопувате во него. Исто така, на пазарите постојат масти, тинктура и билни капки од гавез.

Облозите од гавез се многу ценети, а едноставни за приготвување. Сè што е потребно е да измешате неколку лажички сув мелен корен од гавез со доволно врела вода за да се направи паста. Пастата од гавез потоа намачкајте ја на платнена облога и фиксирајте ја на раната. Повторувајте на секои два до четири часа.

ВЕ БОЛАТ СВОДОВИТЕ НА СТАПАЛАТА НА КРАЈОТ ОД ДЕНОТ

Ако чевлите ви се преголеми и не ја потпираат доволно ногата, мускулите на дното од стапалото се скратуваат во обид лакот на стапалото да го држат високо.

Оваа инститивна флексија спречува чевелот да се излизга. Тоа може да доведе до плантарен фасциитис, каде плантарната фасција која се протега долж стапалото од прстите до петата, да стане хронично воспалена.

ИЗНОСЕНИ ПАТИКИ

Многу пешачење или трчање на лента ги троши патиките, па тие веќе не ја даваат потребната потпора на ногата.

Ако изодувате 15 км седмично, ќе ги износите за 9 до 12 месеци. Ако одите уште повеќе, готови се за 4 до 6 месеци. Ќе забележите дека се наклонуваат повеќе кон едната страна кога ќе ги ставите на рамна површина.