Дерматит или егзема е општ термин кој опфаќа повеќе кожни болести. Зборот дерматит потекнува од грчкиот јазик и значи воспаление на кожата.
Дерматит е алергиска реакција предизвикана од специфини алергени. Предизвикува црвенило на кожата, чешање и неподнослив јадеж, па дури може да се отворат и крвави рани. Состојбата е проблематична зошто го намалува квалитетот на живот. За НМД се обрати наша читателка А.Р. со свое искуство:
“Здраво НМД! Пријателка ме замоли да ви се обратам и на вашите читатели да им го откријам лекот за егзема.
Прво што сакам да ви напоменам е тоа, дека третманот е долготраен! За жал не се лекува за ден-два, туку потребно е време.
Еднаш и јас ја имав оваа болест, долго истражував и најпосле се излекував. Потоа почнав да им помагам на други луѓе. Не продавам никакви креми и не земам пари за ова, затоа и јавно ви го пишувам третманот.
Ова е страшно упорна болест која бара истрајност во лекувањето. Терапијата се одвива во три дела.
Бидејќи егземата е еден вид алергија, мора прво да се прочисти крвта и да се подигне имунитетот. Покрај тоа, мора да се третира и кожата.
Мене ми помогна еден билкар кој ми рече дека за да се прочисти крвта се потребни најмалку 6 месеци: секој ден да се пие по една шолја чај од коприва и една шолја чај од бел слез. Јас на ова додадов и чај од маточина и чај од магдонос зошто се многу добри антихистаминици.
Третман за директно на кожа: исти делови мелен лук и маслиново масло се мешаат. Болното место се мачка 3-4 пати дневно. Знам дека мириса, па правете го тоа кога сте дома, колку можете почесто. Бидете упорни!
За миење на болното место, но и за пиење: една лажица сув лист од дива јагода се прелива со 200 мл врела вода и се остава 20 минути пред да се процеди. Исто така помага и чајот од рузмарин за миење и пиење.
Во сува фаза егземата треба да се мачка со невенова маст и кантарионово масло.
Уште еднаш ќе напоменам дека кога ќе го одберете третманот за лекување на егземата, мора да си дадете време за да делува фитотерапијата. Упорноста е многу важен фактор! – завршува А.Р.