Кикириките се здрава намирница, а од нив се добива познатиот путер од кикирики кој е богат со растителни белковини, влакна, здрави масти, витамини и минерали. Кикириките имаат многу низок гликемиски индекс што значи долго и споро се дигестира во организмот.
На тој начин спаѓа во храната која има способност да го одржува нивото на шеќерот во кp-вта, а можат да го јадат и дијабетичари. Покрај тоа, истражувањата покажале дека една супена лажица путер од кикирики дневно е доволна за да го намали ризикот од шеќерна болест за 30%.
Исто така, дневното конcyмирање на путер од кикирики помага во намалување на мастите во к рвта, а особено го намалува ризикот од болести на срцето и к рвните садови кои би можеле да доведат до срцев у дар.
Добро е познато дека јаткастите плодови се особено здрава храна, но исто така храна која е богата со калории, па треба да се консумира во умерени количини. Јатките се одличен извор на здрави масти – незаситени (моно и полинезаситени) масни киселини, квалитетни протеини, но и низа микронутриенти – витамини и минерали.
Путер од кикирики – количината е многу важна. Путерот од кикирики е дефинитивно најпознатиот намаз од јаткасти плодови, а според многумина и највкусниот. Сосема очекувано, како и главната суровина од која се добива – кикириките, така и овој намаз има извонредни позитивни ефекти врз нашето здравје. Сепак, за да ги искористиме ваквите ефекети, клучен е начинот на кој ќе го употребуваме овој путер, односно поконкретно кажано – количината.
Хранливост. Покрај здравите маснотии и квалитетните протеини (7g протеини во само 2 лажички), путерот од кикирики е особено богат со есенцијални микронутриенти, како: 30 мг магнезиум, 55 мг фосфор, 0.4 мг цинк, 2.1 мг витамин Б3, 0.1 мг витамин Б6.
Иако можеби изгледаат мали, овие количества се извонредни, бидејќи важат за само 1 кафена лажичка путер. Во нешто помали количества се застапени и фолната киселина, бакар, манган, калциум, витамин Е, калиум, железо итн. Кикириките од кои се добива путер се одличен извор и на растителни влакна, но и на моќни антиоксидативни компоненти, како кумарична, фитична киселина, ресвератрол, изофлавони, фитостероли итн.
Сепак, како што претходно споменавме, треба да се внимава на количините не само заради калориите, туку и поради значителните количества сол (натриум), која најчесто се додава во поголеми количества во овој тип путер.
Иако путерот од кикирики има повеќе од двојно помалку заситени масти од обичниот путер, сепак ако се изеде во поголеми количества лесно може да се надмине максималната граница од 13g за заситени масти, дневно која е воспоставена од релевантни институции.
Путерот од кикирики содржи доста ниски нивоа на јаглехидрати (оние типови путер без додадени шеќери), а е богат со здрави маснотии, протеини и растителни влакна. Ваквите карактеристики го прават одличен за лицата со дијабет, бидејќи има минимално влијание на глукозните нивоа во крвта. Експертите им препорачуваат на лицата со оваа дијагноза да ги заменат животинските продукти со заситени маснотии со здрави растителни масти, богати со моно и полинезаситени масни киселини – како што е путерот од кикирики.
Дополнително, путерот од кикирики е богат и со магнезиум, есенцијален нутриент, особено при дијабет. Константно високите глукозни нивоа можат значително да ги намалат нивоата на овој минерал. Нискиот магнезиум е поврзан со состојби како предијабет и дијабет тип 2.
Една студија објавена во British Journal of Nutrition дава податоци кои велат дека јадењето путер од кикирики наутро може значително да помогне во контролата на нивото на глукоза во кр-вта во текот на денот.
Путерот од кикирики, исто така може да го намали гликемискиот индекс на храната, кога таа се конcyмира заедно со него. За главен „виновник” за ова дејство се смета токму магнезиумот, кој според некои истражувања игра значителна улога во контролирањето на глукозата во кр-вта.