За овој колач не го знам вистинското име, но не е ни важно зашто колачот е превкусен. Вчера ми се јави мајка ми и ми рече дека го добила рецептот за овој колач, кој сега е многу познат. 15 минути работа и рерната не треба да се вклучува, полн погодок за сите што се зафатени во текот на денот.
Кога ме изненади мајка ми со рецептот, веднаш ми рече: „Сине, направи им го веднаш на внучињата, тие си сакаат благо.“ Се прикрадов во кујната и среќа ги имав сите намирници дома.
Резултатот беше на највисоко ниво, моите домашни беа воодушевени и цел плех го смачкавме во еден ден. Денес планирам повторно да го направам, лесен е и многу вкусен. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 300 г бисквити, 200 г еурокрем по ваш избор, 800 мл млеко, 100 г шеќер, 2 пудинзи со вкус на ванила, 400 мл слатка павлака, 200 г крем сирење, 100 г чоколадо за готвење, 50 г путер или маргарин.
ПОСТАПКА: Во еден пластичен сад истресете ги кесичките со ванилин пудинг и сипете 100 мл млеко, на собна температура. Набрзина измешајте со жица или маталка.
Во тенџере на рингла сипете 500 мл млеко и 100 г шеќер. Почекајте да зоврие. По зовривање на млекото, тргнете го тенџерето настрана и истресете ја смесата од пудинг и млеко.
Малку промешајте, па вратете го тенџерето на ринла и намалете ја температурата по потреба. Мешајте константно додека да ја добиете потребната густина. Тргнете го пудингот настрана и покријте со фолија за да не фати коричка.
Во плех со димензии 19х29 см со флексибилен обрач наредете ги бисквитите, претходно потопувани во млеко (200 мл). Врз наредените бисквити премачкајте 200 г еурокрем по ваш избор, па наредете уште еден слој од бисквитите, кои исто така се натопуваат во млеко.
Изматете ја слатката павлака во цврст снег, додајте 200 г крем сирење и инкорпорирајте ги двете смеси во кремаста структура. Овој крем постепено додавајте го во пудингот и измиксајте сѐ заедно. Вака подготвениот крем премачкајте го целиот врз бисквитите.
На крајот подгответе ја чоколадната глазура така што ќе растопите 100 г чоколадо со 50 г путер или маргарин. Излејте преку колачот. Колачот може веднаш да се послужи, но повкусен е доколку почекајте малку да се стегне. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.