Тироидната жлезда произведува два вида хормони – TS3 и TS4. Процесот на производство се регулира со помош на хормон кој ја стимулира жлездата, а тоа е тиреостимулирачкиот хормон.
Кога тироидната жлезда не произведува доволно хормони за потребите на организмот, се смета дека е присутно нару-шување наречено хипотироидизам. Во овој случај, тироидната жлезда е забавена и затоа е недоволно активна, што може да се рефлектира на целото тело преку бројни симптоми.
Спротивна состојба на хипотироидизам е хипертироидизам, односно производство на прекумерни количини на тироидни хормони и прекумерна активност на жлездата. Иако овие нарушувања се сосем различни, меѓу нив постои комплексна врска и лесно е да се помине од една во друга состојба.
Најпозната форма на хипотироидизам е Хашимото, вид на автоимуно заболување и хроничен воспалителен процес.
Знаци на хипотириодизам
Постојат исклучително голем број на симптоми кои можат да укажат на хипотироидизам, бидејќи недостатокот на хормони негативно влијае на целото тело. Она што е специфично за ова нарушување е тоа што се развива бавно, а на почетокот, понекогаш симптомите може да бидат отсутни.
Функциите на кардиоваскуларниот систем се нарушени, како и нивото на холестерол во кр-вотокот. Срцето чука бавно и може да се појави анемија. Постојат проблеми со дишењето и инфекции на респираторниот тракт кои тешко се лекуваат.
Стра-да и нервниот систем, што се рефлектира преку тешки движења и говор, проблеми со координација и депресија. Лице со хипотироидизам чувствува хроничен замор, слабо толерира студ, одеднаш добива тежина и има сува кожа.
Маслото од темјан како природен лек за хипотироидизам
Маслото од темјан помага во ублажување на симптомите на хипотироидизам. Може да се нанесува локално како мешавина со базно масло или да се пие разредено со вода. Употребата на масло од темјан ќе го реши проблемот со сува и иритирана кожа, ќе го олесни постојното воспаление и ќе ги стимулира мозочните функции.
Измешајте 3 – 4 капки масло од темјан со лажица растопено кокосово масло. Нанесете ја смесата на долниот дел од вратот, како и на пределот над стапалата. Ако имате видливо воспалено место од надворешната страна на телото, третирајте го исто со ова масло. Повторувајте ја постапката секој ден.
Сок од кромид
Сокот од кромид ја стимулира работата на забавената тироидна жлезда. Можете да го користите за масажа на вратот во областа на жлездата или да го зголемите внесувањето на суров кромид преку диета.
Вечерта пред спиење исечете една главица кромидот на две половини. И двете користете ги за масажа на вратот додека сокот протекува од кромидот. После масажата, не треба да ја исплакнете кожата со вода, туку да одите на спиење и оставете го натопениот сок да делува. Повторувајте го овој третман секоја вечер.
Јаболковиот оцет е природен лек за хипотироидизам
Овој вид оцет често се користи како природен лек, а корисен е и за пациенти со хипотироидизам затоа што со неговата редовна употреба се чисти кр-вотокот и се враќа во нормала рамнотежата на тироидните хормони.
Консумирањето јаболков оцет позитивно влијае на метаболизмот и им помага на болните да се ослободат од вишокот килограми. Пијте неколку лажици јаболков оцет разреден во една чаша млака вода секој ден.
Лененото семе ги ублажува симптомите кои го придружуваат хипотироидизмот
Омега – 3 масните киселини од ленено семе, особено алфа – линоленска киселина, го стимулираат производството на тироидни хормони и ги ублажуваат симптомите кои го придружуваат хипотироидизмот.
Овие семиња се извор на магнезиум и витамин Б12 кои се важни за правилно функционирање на тироидната жлезда. Истурете лажица мелено ленено семе во чаша топло млеко или чаша свежо исцеден овошен сок. Промешајте и испијте ја течноста. Консумирајте една доза дневно.
Ореви за хипотироидизам
Зелените ореви се одлични за хипотироидизам бидејќи се многу богати со јод, без кој производството на хормони од тироидната жлезда е практично невозможно. Исечете 40 парчиња многу млади, зелени ореви со н ож и наредете ги во поголема стаклена тегла.
Полијте ги со 200 мл ракија. Додајте шеќер по желба, но без да претерувате. Затворете ја теглата и оставете ја да отстои на сонце во следните 6 недели. Пијте по една чаша секое утро.
Куркумата успешно третира хипотироидизам
Куркумата содржи голема количина на антиоксиданти, кои ја подобруваат функцијата на тироидната жлезда и го балансираат нивото на хормоните. Редовното внесување спречува развој на рак на тироидната жлезда.
Покрај успешното лекување на хипотироидизам, консумирањето куркума ќе го нормализира нивото на холестерол во кр-вта и ќе ја регулира телесната тежина. Истурете половина лажичка куркума во прав, ¼ кафе лажичка црн пипер во прав и 200 мл зовриена вода во чаша.
Промешајте ги сите состојки и консумирајте кога ќе се излади течноста малку, со додавање на една лажичка масло од кокос. Пијте го овој пијалак секое утро пред појадок.
Ѓумбир за третман на хипотироидизам
Коренот на ѓумбир е вистинска ризница на калиум, магнезиум и скапоцени полифеноли. Овие состојки имаат антиинфламаторно дејство и со тоа ги ублажуваат симптомите на хипотироидизам.
Додајте парче корен од ѓумбир долг околу 2 цм до 200 мл врела вода и оставете го да отстои во следните десет минути. Додајте малку квалитетен мед во пијалакот и консумирајте го. Пијте го добиениот лек трипати на ден, по секој главен оброк.
Олеснување на симптомите на хипотироидизам со помош на соодветна диета
Нема специјална диета за луѓе со хипотироидизам, но генерално треба да ја намалите масната храна и внесувањето храна што содржи поголеми количини на натриум. Ова вклучува храна со висок процент на транс масти, а храната што содржи многу натриум се конзервирани супи и чорби, шунка, инстант пудинг, пица и купечки сосови.
Можете слободно да консумирате јајца, месо, млеко и млечни производи колку што сакате. Бидете внимателни со овошјето и зеленчукот, бидејќи некои видови содржат гутроген, состојка што ја блокира работата на тироидната жлезда.
Не претерувајте со круши, праски, кајсии, јагоди, карфиол, спанаќ и зелка. Луѓето со Хашимото можат да ги ублажат симптомите потпирајќи се на храна без глутен. Оваа состојка може да се најде во сите житни култури и производи од жита.
Се разбира, не заборавајте да пиете доволно чиста вода секој ден. Редовната хидратација ќе го забрза закрепнувањето и ќе го прочисти целото тело. Дозволено е кафе и пијалаци кои содржат кофеин, но во мали количини.
Редовна контрола и превенција за настанување на проблеми со тироидната жлезда
I Правете тест за хипотироидизам на секои пет години. Редовните прегледи значат многу и ќе ви помогнат навремено да ја откриете болеста доколку се развие.
II Ослободете се од лошите навики што се дестру-ктивни за вашето здравје воопшто. Меѓу нив се пушењето и консумирањето големи количини на ал-кохол.
III Поминувајте од 15 до 20 минути на ден на сонце. Сончевата светлина помага во балансирање на тироидните хормони и го стимулира нивното производство. Исто така, позитивно влијае на метаболизмот и го зајакнува имунитетот.
IV Избегнувајте ст рес што е можно повеќе и опуштете се. Опуштете се со јога, медитација или слушање лесна инструментална музика.
Го подготвувала овој пијалак секое утро, а за неколку недела ја излечила тироидната жлезда, анемијата и болките во зглобовите
Овој медицински пијалaк може да ви помогне да ја подобрите кр-вната слика, и има позитивен ефект врз целото тело. Се подготвува многу лесно и едноставно, а вкусот е толку сличен на кафето.
За почетници, треба да направите мала количина со мелени желади и да готвите по една лажичка секој ден. На анемичните лица им се препорачува да го прават тоа двапати на ден и по една недела ќе почувствувате значително подобрување кога станува збор за тироидната жлезда.
Зрелите плодови најпрво треба да се испечат на температура од 180 степени околу 20 минути, без да загорат, а потоа да се излупат и да се сомелат во блендер. Кога го подготвувате кафето од желади, правете го исто како и обичното кафе.
Ставете ја водата да зоврие, додајте лажичка мелени желади, па варете уште неколку минути додека кафето почне да се дига во ѓезвето. Може да додадете малку шеќер или млеко во пијалакот, но најдобро е да го пиете без засладувачи.
Ова е рецептот на жена која го сподели своето искуство и успешно го подобри своето здравје, особено состојбата на тироидната жлезда, анемијата и бол-ка во коските од која стра-дала со години.
Се верува дека кафето од желад ја подобрува кр-вната слика, лечи анемија (желадите се одличен извор на железо), но исто така ја намалува бол-ката во коските и зглобовите, особено кај жени постари од 40 години. Пијте го наместо вообичаеното утринско кафе.
Исто така, помага при проблеми со менструацијата, го регулира варењето на храната, помага во лекување на внатрешни и надворешни хемороиди, го стабилизира кр-вниот притисок и го намалува нивото на холестерол и триглицериди.
Науката веќе докажа дека желадите содржат многу активни супстанции кои не се користат доволно во фармацевтската индустрија, а најважни од нив се огромни количини на железо, бакар, фосфор и калиум. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска