Неопходно е да се консумираат витамини и минерали секојдевно, најдобро преку избалансирана исхрана, доколку сакамее нашиот имунитет да биде доволно силен и да може да се одбрани од грипот или настинката.

Секој ги има овие 10 природни лекови во својот дом, а за некои од нив веројатно не сте знаеле колку се ефикасни

I Сокот од калинка е добар за срцето и е корисен за луѓето кои страдаат од низок кр-вен притисок.

II Ако имате проблеми со желудникот и стомакот, секое утро испијте чаша вода со мало парче кромид „на празен стомак“.

III Јадете едно јаболко секое утро на празен стомак, ова ќе го реши проблемот со непријатната мигрена.

IV Краставицата изрендајте ја и ставете ја на очите и вратот, држете ја околу 15 минути. Краставицата е многу корисна кога станува збор за проблеми со акни и митесери.

V Ако имате проблем со темни кругови под очите, направете маска од домат. Потребни ви се еден до два домати, една лажица сок од лимон и лажичка брашно и куркума. Измешајте ги состојките додека да добиете густа смеса, која ќе ја нанесете на пределите околу очите. Држете ја облогата околу 10-20 минути, а потоа исплакнете со топла вода. Повторете ја постапката два или трипати неделно и ќе забележите големи промени.

VI Честите болки во грлото можат да бидат голем проблем, а доколку сакате да ги спречите, гаргарајте раствор од куркума и сол. Ставете лажичка куркума и лажичка сол во половина чаша топла вода. После гаргарењето не јадете или пијте барем половина час, за да можат овие зачини ефикасно да се изборат против бактериите. Повторете неколку пати на ден.

VII Капка сок од лук во увото помага во ублажување на болката од инфекции на увото.

VIII Измешајте сода бикарбона и сок од лимон, нанесете ја смесата под пазувите за да го намалите лачењето на непријатни мириси од телото.

IX Сокот од лимон со топла вода решава многу проблеми во организмот, одличен е за црниот дроб, го одржува здравјето на желудникот, решава гадење и одличен е за луѓето кои имаат висок кр-вен притисок.

X Ако сте мамурни направете шејк од банана. Ставете млеко во блендерот (познато по смирувачкото дејство врз желудникот), банана и мед, кои ќе го зголемат нивото на шеќер во кр-вта. Изблендирајте ги состојките додека да се изедначат и уживајте во остатокот од денот без мамурлак.

За овие трикови со сода бикарбона сигурно не сте слушнале – многу корисно

Сода бикарбоната е универзален и лесно достапен производ кој ќе ви помогне околу домаќинството, личната хигиена, да се ослободите од несакани штетници, а ова се нејзините најчести примени. На пример, можете да приготвите воздушеста кајгана: на три јајца додадете ¼ лажичка сода бикарбона.

Побрзо сварен грав со меко зрно: во првата вода во која ќе го закиснете гравот додадете прстофат сода бикарбона. Непријатен мирис на раце од риба или лук: рацете навлажнете ги и истријте ги со лажица сода бикарбона, па исплакнете ги со топла вода.

Направете песок како пластелин за детска игра: сварете 2 шолји сода бикарбона, 1 шолја пченкарен сируп и 1 поголема шолја вода. Гответе додека да добиете густа смеса, а потоа тргнете на страна за да излади. Отстранување на непријатни мириси од машина за садови:

Истурете 1 шолја сода бикарбона и вклучете програм за испирање. Загорени тенџериња: наполнете го тенџерето со вода до 1/4, додадете половина шолја сода бикарбона и ставете да проврие. Оставете така преку цела ноќ, а следниот ден исплакнете го тенџерето.

Повкусен домат: ако одгледувате домати во вашата градина, наросете ја почвата со малку сода бикарбона и ќе го добиете најслаткиот и највкусниот домат. Изгореници од сонце: во кофа со вода растворете една шолја сода бикарбона, наполнете ја кадата и потопете се целите или деловите од телото зафатени со изгорениците. Болките ќе поминат.

Ранички во усна шуплина: на неколку часови плакнете ја устата со раствор од 1 шолја топла вода и 1 лажичка сода бикарбона. Чистење на микробранова печка: ставете шолја вода со неколку лажички сода бикарбона и вклучете на три минути на највисока температура. Со еден потег ќе се ибришат сите дамки и ќе исчезнат мирисите.

Масни дамки на тапети: натопете го сунѓерот со млака вода и сода бикарбона па пребришете ги тапетите. Киселини во стомак после јадење: ставете прстофат сода бикарбона во малку вода или лимонов сок и испијте го напитокот. Убоди од комарци: направете паста од сода бикарбона и неколку капки вода, па нанесете на убодот и оставете да се исуши.

Мравки во домот: на било кое место каде не сакате да ви поминуваат мравки, наросете обилно сода бикарбона. Непријатна миризба од стапала: во леѓен со топла вода растворете шолја сода бикарбона и киснете ги стапалата 20 минути.

Додадете сода бикарбона во водата за варење јајца – причината е генијална. Овде станува збор за еден фантастичен трик кој многу ќе ви го олесни животот. Експертите велат дека јајцата кои се стари помеѓу 7 и 10 дена се идеални за варење и најлесно се лупат.

Сигурно сте забележале дека некои јајца ги лупите без проблем, а некои други, иако биле во истата кутија, се проблематични, со залепена белка и ви задаваат вистинска мака. За да ги одбегнете таквите непријатни изненадувања, додека се варат јајцата, во водата додадете една лажичка сода бикарбона.

Постарите јајца се лупат полесно, а кај свежите е обратно, односно доаѓа до проблем при отстранување на лушпата. Еве што прави сода бикарбоната: ја зголемува влажноста и подоцна јајцата се лупат без никаков проблем. Пробајте. Дополнително, лушпата зацврстува и нема да пукне при варењето.

Шампон измешан со сода бикарбона: ја опоравува косата од корен и го забрзува растот во рекордно време, а помага и да се отстрани првутот – После неколку третмани ќе уживате во здрава, сјајна и силна коса која расте побрзо од било кога.

После советите за чистење, готвење, па дури и за нејсината корисност во градината, на ред дојдоа бенефитите од сода бикарбоната за здравјето на косата. Дали знаевте дека сода бикарбона е состојка бр.1 за чистење и закрепнување на косата, која и дава здрав сјај после само неколку третмани и го забрзува нејзиниот раст?

Сè што треба да направите е ја користите наместо обичниот шампон и ќе бидете воодушевени од резултатите. РЕЦЕПТ – Помешајте вода и сода бикарбона во однос 3:1 (3 делови вода, еден дел сода бикарбона). Нанесете на влажна или сува коса од коренот кон краевите, исто како кога ја фарбате косата.

Оставете да отстои неколку минути, па потоа косата исперете ја со млака вода. Откако ќе ја исперете содата, истурете врз неа раствор од јаболкова киселина и вода во однос 1:4 (еден дел јаболкова киселина, 4 делови вода). Мирисот брзо испарува, но доколку сепак не го поднесувате, тогаш додадете неколку капки од вашето омилено есенцијално масло.

Наведнете ја главата наназад за да не ви влезе во очите и нанесете врз целата коса. После само неколку третмани ќе уживате во здравата, сјајна и силна коса која расте побрзо од било кога. Совет: Косата мијте ја со млака вода, никако со ладна или со многу топла.

Човек смислил генијален трик за чистење: Измешал сода бикарбона, оцет и вода – и со средството што го добил, ја исчистил рерната која светнала како да е нова – За оние кои не сакаат да ја чистат рерната (а мислам дека нема такви кои ја обожаваат оваа задача), ова е совршен рецепт, со кој добивате природен препарат без тешки хемикалии и штетни испарувања.

За да го приготвите ова средство за чистење – кое самото чисти – потребни ви се само три состојки: вода, сода бикарбона и малку оцет. Потребни состојки: ½ шолја сода бикарбона, малку вода, 2-3 лажици алкохолен оцет 9% ПОСТАПКА: Во керамички сад ставете половина шолја сода бикарбона, а потоа во неа додадете малку вода и 2-3 лажици бел оцет.

Со дел од смесата премачкјате ја рерната, а остатокот заедно со садот оставете го во рерната на решетка на 100 степени во период од 45 минути. После тоа, колку и да ви била валкана рерната, со голема леснотија ќе ја исчистите и тоа само во еден потег.

Пред да го печете месото намачкајте го сода бикарбона пред печење – тоа ќе омекне и ќе стане сочно, ќе се топи во уста – Сода бикарбоната е сeприсутна во домаќинството. На многумина им се познати нејзините магични својства и мноштво начини за нејзина примена, како во кујната, така во природната медицина и козметиката.

Но, дали знаевте дека обичната сода бикарбона може да биде корисна и во приготвувањето на месото? Можеби ќе се изненадите, но со нејзина помош може да приготвите вкусна и сочна шницла, па дури и од најтврдото парче месо. Сода бикарбоната има моќ да ја зголеми вредноста на рН на месото, со што овозможува задржување на влагата, а структурата на мускулното ткиво ја опушта и станува нежна и ровка.

За да го омекнете тврдото месо, следете ги овие чекори: Земете парче месо и наросете го со сода бикарбона. Распоредете ја по целата површина. Вака приготвеното месо оставете го во фрижидер да отстои 2-3 часа. Пред да го приготвите, добро исперете го под млаз ладна вода.

Потоа можете да го зачините месото со вашите омилени зачини. Месото ќе се топи во уста. Во зависност од видот на месото, гответе го според рецептот. На пример, парчето шницла можете да го извалкате во малку брашно и на загреано масло да го испржите од двете страни колку да фати убава боичка, а потоа уште 15-тина минути да го издинстате со малку сос.