Доколку се користи во поголеми количини, може да остави сериозни последици.
Некои луѓе ја солат својата храна уште пред да ја вкусат, без да проверат дали е доволно соволена. Зошто тоа го прават? Поради својата зависност од сол, бидејќи колку повеќе ја солат својата храна, толку таа им се чини за повкусна, не знаејќи колку си го оштетуваат здравјето…
Овие луѓе не можат да си го замислат оброкот без сол, иако многупати биле предуредени дека овој зачин треба да се користи умерено.
Солта е неопходна да се внесува за да може организмот да функционира нормално, но доколку се пречекори препорачаната доза, може да дојде до разни комплицации.
Се препорачува внес од 6 грамови сол во текот на денот, што е приближно една рамна кафена лажичка. Меѓутоа, имате во предвид дека секоја индустриска храна што ќе ја консумирате во текот на денот, содржи големи количини на сол (сувомеснати, кечап, сирења, разни грицки…), па затоа треба да се биде особено внимателен.
ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ОРГАНИЗМОТ КОГА Ќ ВНЕСЕМЕ НАД ДОЗВОЛЕНОТО КОЛИЧЕСТВО СОЛ
Вишокот сол се врзува за водата во крвта, а со тоа таа станува погуста и потешко се движи низ крвните садови со што значително се ослабува циркулацијата. Поради тоа срцето мора да пумпа посилно и побрзо.
Како последица на ова се јавува висок крвен притисок, а колку тој е повисок, толку повеќе срцето, артериите, бубрезите и мозокот се понапрегнати. Ова може да доведе до срцев удар, деменција и проблеми со бубрезите.
Артериите се задебелуваат што може да биде особено опасно доколку веќе биле затнати (поради висок холестерол). Зголемениот притисок може да предизвика ангина пекторис, бидејќи во овој случај до клетките на срцето не стига доволно кислород.
Претераниот внес на сол штетно влијае и врз мозокот, бидејќи циркулацијата е ослабена, што со текот на времето доведува до деменција и други болести.
Ако јадете многу солена храна, а ви е препишана терапија со диуретици, имајте во предвид дека солта ќе ја намали ефикасноста на лековите.
Поради задржување на вода во организмот лицето станува потечено, а најчесто се појавуваат подочници кои даваат уморен изглед.