Краставиците се едногодишно зелјесто растение со зелени, долги месести плодови. Плодот се употребува многу во исхраната кај нас, но се користи и како додаток во производството на многу креми за нега на кожата.
Овој зеленчук поради високата содржина на вода и освежитениот вкус, кај нас најчесто се користи за подготвување на најразлични салати, во сендвичи, смути пијалаци, но и како ферментирана храна. Постојат голем број научно потврдени здравствени бенефити, а исто така, може да се користи и како превенција од некои заболувања.
Краставицата има богат нутритивен и хранлив состав. Овој зеленчук е еден од намирниците кои имаат најмала калориска вредност. И покрај тоа, таа изобилува со голем број микронутриенти. Во 150 г краставица се содржат само 22 калории.
Краставицата содржи многу малку масти, јагленихидрати и протеини. Покрај тоа во нејзиниот состав има растителни (диететски влакна), витамин Ц, К, а од минерали има магнезиум, калиум и манган.
Покрај тоа, краставиците содржат и други микронутриенти во помал процент како витамин Ц, железо, бета каротен, витамин Б9, натриум, но и над 96% вода. За комплетно да се искористи нејзината хранлива вредност, најдобро е да се јадат нелупени, бидејќи лупењето ја намалува содржината на растителни влакна, но и на одредени витамини и минерали кои се присутни токму во лушпата.
Важно е краставицата да се измие добро пред јадење односно ако не е купена од познат производител или е купена во супермаркет, ставете ја во вода со сода бикарбона да отстои некое време, а потоа исплакнете ја.
Краставиците содржат антиоксиданси. Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички „от-пад„. Ваквиот от-пад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен с трес, односно да ги оште-ти различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси клучна улога имаат антиоксидантите.
Спречувањето на оксидативниот с трес го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за повеќето хронични заболувања како: рак, кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер. Оксидативниот с трес од слободните радикали може да предизвика и катаракта, макуларна деградација, Паркинсонова болест и многу други заболувања.
Одлична храна за сла-беење и храна која промовира хидратација. Високиот процент на вода (над 96%), ги прави краставиците сосем погодни за хидратација на организмот. Ова е важно за физички активните лица, но и за сите останатите, посебно ако сте болни и имате висока температура.
Покрај хидрирањето на организмот, високиот процент на вода и растителните влакна, имаат значајна улога и во промовирањето на сла-беењето. Краставиците може да се кон-сумираат како салата, заедно со оброкот, во речиси неограничени количества, без тоа значително да влијае на бројот на калории, а притоа да промовира и чувство на ситост.
Краставиците можат да помогнат во намалувањето на шеќерот во кр-вта. Тие содржат супстанции кои можат да го намалат нивото на шеќер во кр-вта и затоа се одлична храна за дијабетичари.
Растителните влакна, исто така можат да го помогнат процесот на намалувањето на шеќерот во кр-вта, преку овозможувањето на постепена апсорпција на глукозата. Краставиците влијаат на кардиоваскуларното здравје. Растителните влакна во краставиците можат да помогнат во намалувањето на холестеролот и да превенираат од кардиоваскуларни заболувања.
Калиумот, кој исто така е присутен во краставиците, е многу значаен за здравјето на срцето. Зголемениот внес на калиум предизвикува намалување на количеството на натриум во организмот.
На ваков начин се спречуваат и најтешките заболувања како појава на тромб, намалување на притисокот, холестеролот, артериосклероза.. Краставиците содржат и цитрулин, супстанција која ја подобрува периферната циркулација.
Краставиците помагаат во одржување на здравјето на кос-ките. Ваквото својство се должи на високата содржина на витаминот К во краставиците. Покрај витаминот Д и калциумот, овој витамин има најзначајна улога во зачувавањето на здравјето на кос-ките.
Краставиците содржат и помало количество на калциум. Витаминот К ја подобрува апсорпцијата на калциумот. Исто така, уште една значајна функција на витаминот К е да служи како кофактор за ензимите кои се одговорни за згрутчувањето на кр-вта. Без овој витамин процесот на згрутчување би бил нару-шен.
Ставањето на сечкани краставици, директно на кожата, може да ја олади и хидрира, но и да го намали воспалението и чешањето. Исто така, краставиците при ставање на кожата се корисни и при изго-реници од сонцето.
Подготовка на тонер: Изблендирајте или процедете ја краставицата. Добиениот сок, ставете го на кожата околу половина час, а потоа исплакнете со вода. Краставицата може да делува стимулирачки на циркулацијата на кр-вта во кожното ткиво и истовремено сокот ги прочистува затнатите пори.
Маска за лице: Измешајте еднакво количество на сок од краставица и јогурт. Добиената смеса можете да ја користите како маска за лице, која ќе ви помогне да ја хидрирате кожата.
Рецепт на Маја. Напиток за сла-беење кој се пие пред спиење. Се прави од неколку состојки кои постојано ги имате во домот. Доволно е да испиете само 1 чаша од напитокот за да се ослободите од вишокот килограми и мастите на стомакот.
Магдоносот и краставиците помагаат во хидрирање на вашето тело и го снабдуваат организмот со витамини и минерали, а овие два лиснати зеленчуци содржат и растителни влакна кои ќе ве заситат и по неколку часа.
Овој напиток ќе ги согори вишокот масти, ќе го забрза вашиот метаболизам и е идеален напиток за намалување на килограмите. Сè додека го пиете овој напиток не е задолжително да користите никаква диета, но трудете се да се храните што поздраво и да имате умерена физичка активност и да пиете многу вода во денот.
Напитокот може да го направите во текот на денот и да го чувате во фрижидер. Не јадете ништо за време на вечерата и неколку часа пред и после пиење на напитокот. Сокот може да го разредите со вода по желба.
Исто така, може да ставите и лажичка мед по вкус, но не е задолжително. За еден месец ќе ги видите посакуваните резултати и ќе имате видливи знаци дека сте ослабеле.
Потребни состојки: 1 ќитка магдонос, 1/2 краставица, 1/2 лимон, 1 лажичка рендан ѓумбир, 150 мл вода. Вода може да додадете и повеќе.
Постапка: Во блендер ставете го магдоносот, малку исечкан на парчиња, а потоа додајте ја и краставицата исечена на тенки кругови. Додајте го ренданиот ѓумбир и одозгора прелијте со сокот од половина лимон.
На крајот прелијте со вода. Изблендирајте го сокот и процедете го, а потоа веднаш испијте го или складирајте го во фрижидер доколку сте го подготвиле за текот на денот. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска