Вистински освежителен колач на кој му нема рамен. Секојпат кога кога одам во слаткарница и ќе изедам едно парче трилече, после ми е срам да земам уште едно….

…Ете толку го сакам овој колач што почнав дома си го правам за да уживам во него колку што сакам. Еве еден преубав рецепт кој лесно се прави, а уште полесно ќе испари…Кога ќе го пробате, ќе ви стане омилениот колач!




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 7 јајца, 100 г шеќер, 180 г брашно (12 лажици), 10 г прашок за печиво. ЗА ПРЕЛИВ: 500 мл слатка павлака, 200 мл кондензирано млеко (ако не сте купиле, имаме брз рецепт ОВДЕ), 1 литар ладно млеко и 400 г готов карамел – прелив (или за домашен карамел: 200 г шеќер и 200 мл слатка павлака)




ПОСТАПКА (за плех 25х40 см): Плехот намастете го со една лажица масло и обложете го со хартија за печење (на тој начин полесно се залепува и останува рамна). Во посебни садови одвојте ги белките од жолчките.




Во подлабок сад ставете ги белките, па пенасто изматете ги додека да добиете цврста пена која не паѓа кога ќе го превртите садот. Потребно е да ги матите 10 минути непрекинато за да ја добијат оваа структура.




Во друг посебен сад измешајте ги седумте жолчки со 100 г шеќер, па пенасто матете ги со миксерто додека шеќерот да растопи и да добиете светла кремаста структура. Потребно е непрекинато да матите 5 минути.




Потоа изматените жолчки додајте ги во снегот од белки и соединете ги со жица маталка или лажица/шпатула. Мешајте полека и внимателно за да остане смесата пенлива и воздушеста. Во изедначената смеса додајте просеано брашно (180 г) помешано со 10 г прашок за печиво.




Смесата се меша внимателно со спори потези додека да дојде до изедначување, а потоа излејте ја во подготвениот калап. Рамномерно распоредете и израмнете и неколку пати протресете го плехот за да излезат евентуалните меурчиња. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 10 минути.




После 10 минути намалете ја температурата на 150 степе ни и печете уште половина час. Печениот пандишпан оставете го да се лади 10 минути. За тоа време пригответе го преливот: Во еден сад измешајте 500 мл слатка павлака и 200 мл кондензирано млеко.




Од печената кора отстранете ја хартијата за печење. На дното од садот во кој се печеше истурете ја слатката павлака, а врз неа ставете ја печената кора. Густо избоцкајте ја со тенко дервено стапче за ражнич и одозгора прелијте ја со 1 литар ладно млеко.




Оставете го да го впие 10 минути. Потоа измешајте го добро карамелот за да омекне и рамномерно премачкајте одозгора и оставете го колаот 2 часа во фрижидер. Доколку немате купечки карамел тогаш пригответе домашен: ставете го шеќерот во подлабока тава (со посветла внатрешност за полесно да ја одредите бојата на карамелот) и загрејте го на оган мешајќи додека да се растопи.




Кога ќе се стопи престанете да мешате и почекајте шеќерот целосно да се растопи и да добие темно златна боја. Не го препржувајте зошто ќе има горчлив вкус. Слатката павлака на собна температура или малку загреана турете ја во карамелизираниот шеќер.

Внимавајте бидејќи ќе прска. Бидејќи шеќерот во прв момент ќе се скамени, гответе на тивко до средна температура додека да се растопи во павлаката. Продолжете со готвење, со постојано мешање додека да згусне и да стане кремасто.

Оставете карамелот малку да подизлади па прелијте го врз колачот. Малку протресете за да се израмни, а по некое време ставете го целиот колач во фрижидер. Овој колач е рај за сите љубители на сочните колачи.