Рецепт: Душица Дебарлиева

Потребни состојки:

1 среден долгнавест модар патлиџан
Сол, масло за пржење
Брашно, јајце, презла

Постапка:

Ако сакате модрите патлиџани да не масни, тогаш најпрво обарете ги малку.

Долгнавестите патлиџани исечете ги на ленти по должина (на четвртинки) без да ги лупите (оригиналниот рецепт не се лупат, а вие ако сакате излупете ги).

Обарете ги во солена вода да омекнат малку (2-3 минути). Извадете ги од водата и похивајте ги како што тоа обично го правите. Вака приготвените модри патлиџани се нарекуваат „глуви риби“ бидејќи кога ќе се испохуваат личат на риби.

*Доколку ги приготвувате обично, без обарување, тогаш исечените ленти од модар патлиџан посолете ги од секоја страна и оставете ги еден час да испуштат течност, а со самото тоа ќе бидат и помалку горчливи.

*Похувањето се одвива по следниот редослед: брашно, јајце разматено со малку вода, презла. За да нема многу садови са миење, брашното и презлата можете да ги истурите на хартија.

Кога патлиџанот ќе се валка во презлата,со малку тапкање истресете го вишокот презла и пржете во масло загреано на умерен оган. Пржените патлиџани редете ги на хартиена салветка.

Похуван модар патлиџан (Рецепт: Душица Дебарлиева)