Глуварчето (Taraxacum officinale) има корисен ефект врз лекувањето на болести на бубрезите, жолчното кесе, панкреасот, желудникот, цревата и кр-вта. Се смета за еден од најбезбедните и најважните хербални лекови за црниот дроб. Горчливите супстанции му даваат силен диуретичен ефект на глуварчето.
Затоа лисјата од глуварче се користат за проблеми со бубрезите, целулит и вишок килограми. Глуварчето содржи калиум, а неговиот корен има диуретично дејство и благ лаксатив.
Поради својата висока содржина на инсулин, глуварчето се препорачува за дијабетичари. Лисјата од глуварче се богати со витамини и минерали, па затоа е добро да ги јадете во салати.
Најдобро е лисјата од глуварчето да се берат напролет пред да расцвета растението, бидејќи после тоа се развива горчливиот вкус, што е непријатен за многумина. Можете да ја избегнете горчината и доколку ги јадете само горните делови од листовите.
По цветањето на глуварчето, обично кон крајот на летото, се појавуваат нови млади ливчиња, кои исто така се безбедни да се берат. Стеблото на глуварчето има најголеми лековити својства додека растението цвета.
Австриската билкарка Марија Требен препорачува стебленца од глуварче во борбата против хронично воспаление на црниот дроб пет до шест стебленца на ден, а за дијабетес десет парчиња на ден. Ваквите терапии траат три недели со претходна консултација со лекар.
Корените собрани во пролетта се послатки отколку во есен поради поголемата содржина на фруктоза, но тие треба да се собираат пред цветните пупки да станат големи.
Идеално време за собирање на корења е од септември до февруари – тоа е моментот кога содржи најмногу инулин, поради што и неговиот лековит ефект е посилен. Може да се јаде суров или во сува форма и да се користи за подготовка како додаток во кафе.
Цветовите од глуварче се користат за производство на вино и сируп, кои можат да послужат како замена за медот. Најдобро е да се искористат цветовите истиот ден кога сте ги набрале, но треба да внимавате да не се прскани со хемикалии.
Глуварчето е безбедно да се консумира и да се дава на деца кои се болежливи. Доколку расте во градината, не треба да го уништувате бидејќи е едно од најлековитие билки, а привлекува и корисни инсекти – дури 85 различни видови.
Рецепти со глуварче
Чај од глуварче
Прелијте 2 лажички ситно сечкан сув корен од глуварче или листови со 250 мл топла вода, оставете го да отстои десет минути, а потоа процедете го. Пијте една чаша наутро и навечер, по можност половина час пред оброк. Се препорачува против проблеми со бубрезите, задржување на вода, целулит и дебелина.
Против целулит
Подгответе 25 г лист од глуварче, 25 г лист од коприва, 25 г корен од глуварче и 25 г корен од чичок. Ставете една супена лажица од мешавината во 200 мл вода и варете 20 минути. Потоа тргнете го чајот од оган и оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете. Пијте 2 – 3 чаши чај на ден.
Чај за деца
Подгответе 25 г лисја од мелиса, лисја од нане, семе од анасон, корен од глуварче и корен од ехинацеа. Прелијте една лажичка од мешавината со чаша зовриена вода и варете уште 20 минути.
По изминатото време тргнете го чајот од оган, оставете да отстои 10 минути, а потоа процедете го. Помага против сипаници, заушки и настинки. Детето треба да консумира по една чаша на ден.
Домашен сируп
Подгответе 250 свежи цвеќиња од глуварче, 1,5 литри вода, 2 лимони, 2 портокали и 1 кг шеќер. Истурете ладна вода во садот со цветовите глуварче, додајте го сечканиот лимон и портокал и оставете го сирупот да отстои покриен на ладно 24 часа.
Следниот ден додајте го шеќерот и варете на тивко 90 минути, мешајќи повремено, за да формирате густ сируп. Претурете го сирупот во тегли и чувајте го на ладно и суво место. Консумирајте лажичка пред секој оброк за да го регулирате варењето на храната и да го зголемите апетитот.
Масло за нега
Во стаклено шише ставете до половина цветови глуварче, а потоа додајте маслиново масло до врвот на шишето. Ставете газа на врвот на теглата и прицврстете ја со гумена лента или капаче. Оставете ја теглата на сончево топло место две недели или додека цветовите да станат кафеави. Потоа процедете го маслото во стерилизирано темно шише. Чувајте го маслото на ладно и темно место.
За лекување на анемија
Измешајте еднакви делови од: лист од глуварче, коприва и добрејка. Ставете ја мешавината во тегла, а кога ќе правите чај, истурете една лажичка од оваа смеса во чаша топла вода и оставете да отстои 10 минути. Консумирајте три чаши на ден.
За намалување на холестерол
За да подготвите чај кој постепено го намалува холестеролот, потребна ви е мешавина од еднакви делови на корен од глуварче и ѓумбир. Прелијте лажица од таа смеса во чаша зовриена вода, ставете ја на рингла и откога ќе зоврие, варете уште 20 минути. Потоа тргнете го од оган, додајте цвет од глог, оставете уште десет минути да отстои, процедете го чајот и пијте.
Свеж сок
Исцедете три грсти лисја од глуварче и 50 мл вода во блендер. Чувајте го сокот во фрижидер. Консумирајте трипати на ден по лажичка. Свеж сок се користи против пролетниот замор, го стимулира лачењето на течности, го олеснува артритисот и бактериските белодробни заболувања.
За дијабетичари
Измешајте 30 г корен од глуварче, 30 г лист од боровинка, 15 г семе од анасон и 30 г семе од пискавица. Прелијте 1-2 лажички со чаша топла вода и оставете да отстои 10 минути. Пијте две до три чаши на ден.
Кафе од глуварче
Коренот наберете го, добро измијте го и испечете го рерна. Потоа сомелете го и консумирајте го исто како кафето. Повеќе за кафето од глуварче прочитајте ОВДЕ.
За воспаление на црниот дроб
За лекување на хронично воспаление на црниот дроб, треба да јадете 5 – 6 свежи цвеќиња глуварче во сурова форма. За нарушувања на црниот дроб, исто така, сварете 25 г лисја и иста количина корен во еден литар вода, половина час. Пијте една чаша од овој пијалак пред секој оброк.
Стрес и главоболка
Прелијте половина лажичка корен од глуварче и половина лажичка кора од бела врба со чаша вода, ставете на оган и варете 20 минути. Потоа тргнете го тенџерето од оган, додајте половина лажичка камилица и половина лажичка нане, оставете да отстои уште десет минути и процедете.
Камења во жолчката
Потребни ви се 40 г корен од глуварче, 40 г цикорија и 20 г нане. Измешајте сè и ставете во тегла. Кога подготвувате чај, ставете 3 мали чаши од смесата во еден литар зовриена вода, поклопете и оставете да отстои 2 часа. Консумирајте по една лажица на секои два часа.
Зелено смути за слабеење
Потребна ви е една банана, 300 мл вода, 100 г диви бобинки (свежи или замрзнати), 100 г лисја од глуварче и лажичка мед по желба. Ставете ги сите состојки во блендер и сомелете ги. Испијте го сокот веднаш, во мали голтки. Може да послужи и како замена за еден оброк.
Мед од глуварче
Повеќе од 400 цвеќиња од глуварче, 4 големи лимони, еден литар вода и 3 кг шеќер. Ставете ги цвеќињата во голема чинија и истурете ладна вода (1 литар) врз нив. Исечете го лимонот на парчиња и натопете ги во садот со водата и глуварчето и оставете го да отстои 24 часа.
Изгмечете ги цвеќињата и добро процедете ги. Загрејте ја процедената течност малку и додавајте килограм по килограм шеќер. Нежно мешајте и варете додека да се згусне сирупот.
Сладок ликер
Подгответе 50 цвеќиња од глуварче, 60 г мед, 1 кг шеќер (или помалку), еден лимон, еден литар домашна ракија или вотка. Ставете го глуварчето во тегла, истурете мед (ако е кристализиран, загрејте го да се стопи) и шеќер, покријте го со лимон исечен на тенки прстени и истурете ракија во теглата. Оставете да стои на темно и топло место две недели, потоа процедете и претурете во шишиња.
Чај од корен од глуварче
Коренот од глуварче е моќен лек за црниот дроб и стомакот. Шест чаши чај корен од глуварче на ден може да излечи хепатитис во рок од две недели. Фитотерапијата со овој чај лечи секакви заболувања. Се препорачува за правилно варење на храната, недоволно лачење на жолчката, висок кр-вен притисок и недостаток на апетит.
За подобар вид
Измешајте 50 г лист од глуварче и 25 г суви листови боровинки и 50 г еуфразија (видец). Од мешавината ќе ви биде потребна една лажичка. Најпрво прелијте една лажичка корен од глуварче во чаша вода, варете 20 минути и потоа тргнете од оган. Додајте една лажичка од претходната мешавина и оставете да отстои уште десет минути. Овој чај е богат со бета-каротен и лутеин и ја стимулира циркулацијата во пределот на очите. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска