Ефикасен против цисти, срцеви заболувања, таложење на токсините…Комбинацијата од мед и „Чувар куќа“ може да го препороди вашиот организам.
Во основата на овој моќен лек е билката Чувар куќа, исклучително благотворна билка чие латинско име е „sempervivum“, а во превод значи „секогаш жива“.
Грците и Римјаните билката Чувар куќа ја чувале како домашна билка која ги одбива инсеките и другите штетници, а неретко оваа билка и денес се наоѓа во нашите домови.
За подготовка на овој лековит напиток потребно ви е:
300 г листови од „Чувар ќука“
500 г мед
2-3 лимони – сок
Постапка:
Исечкајте ги листовите на ситни парчиња и ставете ги во медот.
Оставете така да отстојат една седмица. На крај додадете сок од два лимони, а доколку сè уште ви е многу благо, додадете сок од уште еден лимон.
Консумирајте по 1-2 супени лажици, трипати дневно од овој лек на празен стомак.
Овој природен лековит препрат има повеќекратно позитивно влијание на вашето здравје.
Во Русија се користи како превенција за срцеви заболувања, а исто така го забрзува и метаболизмот, ги лекува цистите и му помага на организмот да се ослободи од токсини.