Ги снемува за 1 минута! Земете 2 јаболка и направете ги овие КОЛАЧИ за 5 минути…Меки како пена…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 12 парчиња):
2 јаболка (или повеќе)
2 јајца
150 г шеќер
100 г мек путер
350 г брашно
3 лажички прашок за печиво
1 прстофат сол
шеќер во прав, цимет
ПОСТАПКА:
1. Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека да станат кремасти.
2. Додајте омекнат путер и миксајте уште една минута.
3. Во смесата низ сито сипете брашно, прашок за печиво и сол и убаво измешајте со лажица.
4. Јаболката исечете ги на коцки од 3 см и додајте ги во тестото. Повторно промешајте сè и готово!
5. Со хартија за печење обложете плех од 35х45 см.
6. Обликувајте колачиња црпејќи по 2 лажици од тестото.
7. Оваа количина е доволна за точно 12 големи колачиња со јаболка.
8. Печете во претходно загреана рерна на 180°C 25 минути.
9. Изладените колачиња посипете ги со шеќер во прав и цимет. Постапката погледнете ја ОВДЕ.