Ги снема за минутка…Одличен десерт кој се топи во уста…Многу лесно и брзо…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За крем:
2 јајца
150 грама шеќер
70 грама скроб/нишесте/густин
500 мл млеко
1 лажичка ванилин шеќер
50 г путер

За тесто:
180 мл вода
90 г путер
по 1 прстофат сол и шеќер
130 г брашно
3-4 јајца
Печете на 190°C 30 минути.

ПОСТАПКА:

1.Во тенџере изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте скроб и изедначете да нема грутчиња. на крај додајте го млекото и со непрекинато мешање варете на умерена температура додека да згусне.

Тргнете од оган и додека е топло сипете ванилин шеќер и путер. Мешајте додека да се растопат и соединат. Оставете го кремот да се олади.

2.На оган ставете вода со прстофат сол и путер исечкан на коцки, па кога ќе озврие тргнете го од оган и сипете го брашното. Мешајте додека да се соедини, па вратете на оган и гответе 1-2 минути со непрекинато мешање.

3.Сипете го тестото во посебен сад, раширете го и оставете го да се олади. Потоа малку по малку додавајте ги јајцата, претходно изматени само со виљушка. Мешајте додека да добиете мазно, аморфно тесто.

Тестото складирајте го во готварска кеса, па истиснувајте долгнавести лентички во плех обложен со хартија. Печете 30 минути во претходно загреана рерна на 190 минути. Првите 20-тина минути не ја отворајте рерната.

4.Оладениот крем изматете го и складирајте го во готварски шприц. Од долната страна на оладените еклери направете им по две дупчиња од страните и полнете ги со филот.

Одозгора посипете ги со шеќер во прав или чоколаден прелив. Постапката Погледнете ја ОВДЕ.

МИНИ ЕКЛЕРИ – УБЕДЛИВО НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ! Секогаш успеваат со овој метод, вкусни лапни-голтни, полни со крем…

https://youtu.be/hGc_LeebCoo?si=k0gxEyXk-g8Nd22x