Оваа жена за чистење на јакните употребила средство за чистење на кујната и останала изненадена со ефектот.
Децата после играње надвор си доаѓаат дома извалкани, па за секој родител многу е важно да има некое ефикасно средство за чистење, за да може да се отстранат тврдокорните дамки од облеката.
Една мајка во групата “Mrs Hinch Made Me Do It” на Фејсбук споделила фотографија од валканата јакна на ќерка си, опишувајќи го начинот на кој успеала да ги отстрани сите дамки од неа.
Имено, таа искористила едно средство што обично го користела во кујната за отстранување на мувла. Еве што таа направила:
-Прво ја испрскала целата јакна со средството за отстранување на мувла.
-Потоа ја ставила јакната да се пере во машина, но наместо детергент, ставила таблета за перење на садови.
“Бидејќи сè испробав и ништо не помогна, помислив дека немам што да изгубам ако јакната се обидам да ја исчистам на овој начин. Ако не ми успееше и овој обид, тогаш ќе и купев нова јакна.” – напишала и додала:
“јакната сега изгледа како нова, дури и крвното од капата го исчеткав кога ја извадив јакната од машината. Заштедив право мало богатство кое инаку ќе го потрошевме за новата јакна.”
Останатите членови биле шокирани од резултатот.
“Тоа е навистина импресивно”; “Одлично завршена работа!”; “Уоу, одлично изгледа!”, се само некои од коментарите.
Друга мајка се пофалила дека белата јакна на синот која станала кафеава од калта, ја испрала на сличен начин, со тоа што пред да ја испере во машината, ја испрала од калта колку што можела, а потоа ја испрскала со сенаменско кујнско средство за чистење.