Запишете си го рецептот за приготвување на оваа чорба. Хипократовата чорба е многу едноставна, а исклучително лековита супа од зеленчук.

Во светот е позната како вкусен оброк кој помага во превенција и лекување на многу болести со посебен акцент на канцерогени заболувања. Има огромна моќ за зајакнување на имуниот систем, за детоксикација и јакнење на бубрезите.

Се смета дека оваа чорба уште пред 2500 години ја осмислил Хипократ, старогрчки доктор и „татко на медицината„, според кој го добила името.

На почетокот од минатиот век ја популаризираше германскиот лекар д-р Макс Герсон, сврстувајќи ја во посебен прехрамбе програм кој во јавноста беше презентиран во 1932 година, под името Герсонова терапија.

Оттогаш знаењето и рецептот за Хипократовата супа започна да се шири по целиот свет. Па така, освен за лекување, се консумира и како вообичаен оброк за превенција од болести и сочувување на здравјето на целиот организам.

Важен дел од програмот за лекување со метотодот на Герсон

Герсоновата терапија е метод за лекување кој се темели врз посебен режим на исхрама и редовно чистење на организмот.

Д-р Макс Герсон го развил овој метод со цел за намалување и контола на сопствените тешки мигренски главоболки. Сосем случајно открил дека соодветна количина од хранливи материи во комбинација со почеста детоксикација, делува позитивно и лекува туберколоза на кожа.

Потоа било откриено дека лекува и други облици на туберколоза, како и други здравствени проблеми: алергија, висок и низок притисок, болести на бубрезите, артритис, атеросклероза, мултипла склероза, автоимуни заболувања и рак

Хипократовата супа е еден од клучните фактори за делотворност на герсоновата терапија.

Освен консумирањето на оваа супа/чорба, неговиот метод на лекување вклучува и пиење на сокови од моркови, јаболка и портокали, како и зелени сокови направени од зелка и друг зеленчук.

Покрај посебниот начин на исхрана, во текот на терапијата се спроведува и секојдневно клистирање. Според творецот на оваа терапија, но и според бројни експерти кои ја потврдиле делотворноста на овој метод, ваквиот режим на исхрана може да го зајакне имунитетот и да ја поништи штетата која настанала во клетките и да му овозможи на телото целосно да се излекува.

ХИПОКРАТОВА ЧОРБА

Како здрав оброк оваа чорба може да се консумира еднаш дневно. Сепак, во лековити цели во склоп на Герсоновата терапија, задолжително се препорачуваат две порции чорба дневно.

За да се заштеди на време и труд, чорбата може да се приготви во количина за два дена, односно за 4 порции. Хипократовата чорба е најделотворна доколку се почитуваат следните правила:

Да се готви на тивок оган со што помалку вода; садот во кој се готви треба да биде поклопен за да се спречи испарувањето на хранливите состојки; не смее да се користат алуминиумски садови (по можност да се користи сребрен прибор);

Не смеат да се користат секакви зачини за збогатување на вкусот, бидејќи може да го поништат лековитото дејство; од зачини смеат да се користат во мали количини: пимент (вид пипер), ловор, коријандер, копар, ким, коморач, мускатно оревче, оригано, рузмарин, шафран, жалфија, киселец, чубрица, естрагон и мајчина душичка.

Во поголеми количини можете да ги користите следните зачини/билки: Власец, лук, кромид и магдонос.

Потребни состојки: 1 корен целер со средна величина, 1 корен магдонос со средна величина, 2 главици кромид со средна величина, 2 мали или 1 голем праз, лук по желба (се додава на крајот), магдонос по желба, 600 г домати и 400 г компир

Постапка: измијте го зеленчукот, исечете го на парчиња или коцкички, а може и да го изрендате. Ставете го зеленчукот во големо тенџере и додадете вода колку да се покрие зеленчукот.

Ставете го на оган додека да зоврие, а потоа намалете ја температурата да се готви на тивко од 1,5 до 2 часа, додека зеленчукот да омекне.

Пред самиот крај од готвењето додадете го лукот и дозволените зачини во мали количини. Варената чорба испасирајте ја. Кон-сумирајте по една порција чорба, а преостанатата количина складирајте ја и чувајте ја во фрижидер.