Радијаторите се многу незгодни за чистење и тоа е причината зошто повеќето оваа работа ја прескокнуваат или ја одложуваат за некој другпат.
Меѓутоа, покрај огромната функција која ја имаат, а тоа е да го загреваат просторот во кој престојуваме, тие исто така, се и собирачи на куп прашина која многу тешко се чисти.
За среќа, сега оваа работа не е толку комплицирана колку што нам ни се чинеше, а сето тоа благодарение на една жена кога го откри својот генијален трик.
Имено, таа на ТикТок откри како на едноставен начин прави длабинско перење на внатрешноста од своите радијатори.
Таа за чистење користи прашок за перење алишта. Во мерилката додала прашок и врела вода, а пред да ја истури оваа течност во радијаторите, под нив постави фолија (најлон) и пластичен сад (леѓен) за да се собере валкана вода.
И додека водата е сапунесто бела пред да се излее, кога излегува од другата страна таа е темнокафеава, дури црна од нечистотија.
Видеото можете да го погледнете ако стиснете ОВДЕ.
Сепак, доколку планирате овој трик да го примените на своите радијатори, имајте во предвид дека тие треба да бидат на плин (гас), бидејќи електричните би можеле да се оштетат (?).
Не само што на овој начин радијаторите се чистат темелно, туку после ваквото чистење целиот стан ќе ви мириса убаво.
Видеото има собрано преку половина милион лајкови на ТикТок, а многумина се воодушевени од него, пишува The Sun.
-Ова е одлична идеја! Откако започна грејната сезона, секој втор викенд го применувам ова! – гласи еден од коментарите.