Тоа се два рецепти кои не можат еден без друг. Се пијат еден после друг. Тие се тајниот клуч со кој се отвора тригерот за активирање на метаболизмот и отпочнување на слабеењето. Ако веќе се измачувате со разни диети и сакате да ослабите, применете ја оваа формула за сето тоа да го забрзате!

Ова е неверојатен рецепт кој го осмислија врвните светски нутриционисти во соработка со диетолози, а кој ќе ви помогне да ослабете 3,5 – 4 килограми за само два дена!

За да го направите овој забрзувач на метаболизмот со кој неверојатно брзо се согоруваат килограмите, ќе ви бидат потребни следните состојки:

300 мл вода;
1 лажица ѓумбир;
1 лажица чили пиперка;
1 лажица јаворов сируп;
2 лажици сок од лимон.

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека да се изедначи смесата. Добиениот сок е готов и спремен за употреба.

Можете и рачно да измешате, важно е добро да се впијат ѓумбирот и чилито. Овој сок ќе ви помогне да ја намалите телесната тежина. Консумирајте го наутро на гладно.

Но, само овој сок не е доволен за да ја остварите посакуваната цел. Потребен ви е уште еден рецепт кој ќе го прочитате во продолжение на текстот, а кој треба да го консумирате во текот на денот!

За да го активирате метаболизмот, оваа смеса консумирајте ја исто така наутро,  половина до еден час после првиот напиток. Можете да го приготвувате и во текот на денот.

Првите денови потребно е да пиете зелен чај без шеќер – наместо вода, да јадете зеленчук и интегрални житарици но во помали количини.

Еве го рецептот кој треба да го приготвувате во првите неколку дена:

Потребни состојки:

6 лажици сок од лимон;
4-5 домати;
4 чешниња лук;
500 мл вода;
6 коцки мраз.

Постапка:

Сите состојки ставете ги во блендер, па мешајте околу една минута на максимална брзина. Смесата треба да биде изедначена.

Доматите се добри, бидејќи го содржат антиоксидансот ликопен, а житарките (во помали количини) и зеленчукот ќе ја зголемат внатрешната температура со што ќе го стимулираат и процесот на прочистување.