ГЕНИЈАЛНИ КОЛАЧИ: За 5 минути готови, без печење! Неодоливо вкусни…Ова е еден од оние брзи колачи кои навистиона се приготвуваат за 5 минути, а треба да отстојат во фрижидер само 2 часа пред послужување. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г бисквити
50 г бадеми (или јатки по избор)
100 г путер
70 мл сок од портокал (или по избор)

ПОСТАПКА:

1.Бисквитите сомелете ги во блендер. Додајте ги бадемите и продолжете со миксање додека да добиете фина прашкаста смеса.

2.Путерот растопете го во микробранова печка или на тивок оган и додајте го во бисквитите.

3.Сипете го сокот од портокали и промешајте додека сето да се изедначи во хомогена смеса.

4.Со лажица црпете и полнете силиконски калапи (или калап каков имате обложен со пластична фолија).

5.Оставете ги во фрижидер 2-3 часа за да се стегнат пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.