ГАСТРИТИС И БОЛКИ ВО ЖЕЛУДНИК…Овој природен напиток дава подобрување за 3 дена…
Гастритисот главно се дефинира како воспаление на слузокожата на желудникот, која е одговорна за формирање на слој од клетки кои го покриваат внатрешниот дел на желудникот и го штитат од желудечните киселини.
Ова воспаление главно се јавува поради употреба на лекови како што се аспирин и ибупрофен, како и прекумерно консумирање алкохол.
За среќа природната медицина и за овој проблем има решение, а тоа е оризова вода.
Долго време се користела оризовата вода за олеснување и лекување на желудникот, особено од хеликобактер, а направена е и студија со која е објаснето нејзиното делување, а можете да ја прочитате ОВДЕ.
ГАСТРИТИС – ПРИРОДЕН ЛЕК (подобрување за 3 дена) ЧАЈ ОД МАГДОНОС ВО КОМБИНАЦИЈА СО ОРИЗОВА ВОДА
Заедно со гореспоменатите причини, постои и бактерија наречена Helicobacter pylori која го напаѓа желудочниот епител и го предизвикува овој здравствен проблем. Со овој природен лек ќе можете да почувствувате подобрување за само 3 дена, без разлика на причината.
Магдонос за борба против ротив гастритис
Различната содржина на витамините А, Б, Ц, Е и К во магдоносот го прави совршена природна состојка за третман на секаков вид дигестивни болести. Еве како можете да го подготвите овој моќен природен лек
-Една полна рака свеж лист од магдонос ставете да се вари во еден литар вода, најмалку 5 минути.
-После тоа поклопете и оставете да отстои 2 часа.
-Процедете и пијте и по една чаша од течноста, додека траат симптомите на болеста. Оние кои имаат низок притисок треба да внимаваат и да го контролираат притисокот додека го консумираат овој напиток и да се консултираат со својот лекар.
-Заедно со овој чај од магдонос потребно е да се пие и оризова вода!
Оризова вода за борба против гастритис
Оризовата вода ќе ви помогне ефикасно да го отстраните воспалението на абдоменот и симптомите кои се јавуваат поради гастритис.
ПОСТАПКА:
Во литар вода сварете 150 грама ориз.
По 20 минути вриење на умерено-тивок оган, процедете ја течноста и чувајте ја во стаклена тегла и пијте ја течноста во текот на денот. За следниот ден подгответе нова количина. Оризовата вода пијте ја додека траат симптомите на болеста.
НАПОМЕНА: Пред употреба на напитоци и препарати од народната медицина задолжително треба да се советувате со вашиот лекар.