Едноставен совет за спречување на гасови во цревата и подуеност на стомакот!

Подуеноста на стомакот ги измачува голем број на луѓе, барем во некој период од животот, па затоа не треба да се чувствувате непријатно поради оваа тегоба.

Причините можат да бидат многубројни:

-нетолерантност на некоја храна (глутен, лактоза…)

-недоволна желудечна киселина

-недоволно сварена храна

-оштетена цревна слузокожа

-кандида во цревата

-бактерија во цревата

-пореметување на функцијата на цревата

-опстипација (запек)

-стрес

-голтање воздух при јадење

-газирани пијалаци и слично.

Гасовите во стомакот може да доведат до многу непријатни болки во стомакот, па затоа, многу е важно да ги спречите или да ги ублажите што поскоро.

Едно од природните средства кое ќе ви помогне, а притоа е евтино и погодно за употреба – е семето од анасон. Оваа вкусна билка, не само што ќе ви ги смири тегобите, туку и пријатно ќе ви го освежи здивот.

Анасоновото семе одамна е познато дека се користи за смирување на грчевите, за зајакнување на желудникот, го подобрува варењето на храната и ги отстранува штетните сокови од организмот.

Исто така, ја чисти крвта и ги зајакнува нервите. Ги чисти белите дробови, желудникот и бубрезите, ги зајакнува дигестивните органи, ја поправа неуредната столица и помага при несоница.

Ова семе не е многу скапо и можете да го купите од секој поголем маркет или Билна аптека. Доболно е после оброк да соџвакате полека неколку семиња анасон, особено после обилни оброци.

Навечер, кога сте дома, можете да направите и чај: Сварете половина лажичка семе од анасон во 200 мл вода и оставете да отстои 10-тина минути. Процедете и пијте.

Анасонот не само што го помага варењето на храната и ги спречува гасовите, туку и делува како благ диуретик и го ослободува организмот од вишок вода.