Кандида е квасна габа која во мала количина ја имаме сите во нашето тело. Нејзино природно живеалиште е нашата уста и цревата. Нејзина задача е да помогне во варењето на храната и апсорпцијата на хранливите материи.

Меѓутоа, кога ќе се размножи премногу, кандидата преминува преку ѕидот на цревата и продира во кр-вотокот, ослободувајќи притоа о-тровни нуспродукти. Тоа може да доведе до различни здравствени состојби, од дигестивни па дури и психолошки.

Ако сте забележале симптоми од кандида, треба веднаш да започнете со лекување…Во продолжение можете да го прочитате искуството на наша читателка кое повеќепати сме го споделиле и секојпат имало коментари од презадоволни читателки. Ова е лекот кој таа го употребила и со чија помош го решила својот проблем.

„Здраво почитувани читатели на НМД.мк, би сакала да споделам еден ефикасен лек или третман, како сакате наречете го, кој мене многу ми помогна пред многу години. Имено, јас веќе со години имав проблем со габична инфекција и никако не можев да се ослободам од неа. Со сопругот тогаш бевме во брак веќе пет години и заедно имавме пробано што-ли-не.

Речиси секој месец користев најмалку 2 пакувања ваги-налети откако ќе ми завршеше циклусот, но инфекцијата повторно ми се враќаше. Со сопругот пиевме и по една капсула за чистење на кандидата, но повторно, по неколку месеци таа ме напа-ѓаше.

Ми велеа дека поради тоа што сум јадела благо сум имала кисела рН вредност на слузокожата, но не јадам многу повеќе благо од другите жени за да имам ваков проблем. Веќе станав очајна и за овој проблем почнав отворено да разговарам со моите најблиски пријателки и да барам спас.

Тогаш, една од пријателките ми понуди да отидам кај нејзиниот гинеколог, кој бил повозрасен речиси пред пензија, но со големо искуство и ефикасен во лекувањето. Нејзе успешно и нашол решение за полицистичните јајници кога сите други доктори дигнале раце од неа.

Се решив и отидов кај новиот гинеколог. Срдечно ме пречека, ме сослуша и ме прегледа. Тогаш ми го даде овој непроценлив совет:

Секој ден кога ќе се туширам, да си ин-јек-тирам со шприц раствор од вода и сода бикарбона. Пробав и уште веднаш имаше резултати. Исчезна црвенилото, исцедокот се повлече, слузокожата ми заздраве.

Оттогаш се изминати многу години и веќе немам проблем. Овој третман си го практикувам повремено, по потреба, а на почетокот го користев редовно, секој ден.

Потребни состојки: 1 лажичка сода бикарбона, 1 чаша млака вода, 1 шприц и 1 пластична чаша од тврда пластика

Постапка: во чаша со млака вода ставете една полна лажичка сода бикарбона и размешајте за да се раствори. Ставете ја чашата (јас користам пластична чаша за да не ми се скрши случајно во кадата) на згодно место во бањата за да можете да ја употребите при туширањето.

Со шприцот ин-јек-тирајте и направете еден вид испирање (иригација). Кандидата не може да преживее во базна средина и сода бикарбоната ја у-би-ва, односно го регулира нејзиното размножување.

Но, треба да се внимава откако ќе се постигне рамнотежа, таа да се одржува и да не се претерува ниту со базноста. Се користи по потреба. Се надевам дека некому ќе му помогне ова едноставно решение кое мене ме спаси од маката.

ВАШИ КОМЕНТАРИ:

Коментар на Vesna Dimitrieska: „Ова ми го кажа доктор Таше плодност Битола светски гинеколог го почитувам респект …И водата да зоври после сода бикарбона и КОГА Е МЛАКО СО ШПРИЦ ЧИСТИ СÈ…”

Коментар: „Точно е, а уште подобро е ако е чај сварен од камилица, процеден и во него да ставиш сода бикарбона“

Коментар: „Точно, и јас го имам користено со посебна пумпа препорачана од гинеколог и навистина е успешно“

Коментар на Т.К.: „Постои специјална направа за интимна хигиена која ја користам веќе 10 години и се вика ИРИГАТОР…посебно купувам кесички со специјален раствор кој се меша со млака вода, се става во иригаторот и се прават промивките…“

СИМПТОМИ ЗА ПРЕВИСОКО НИВО НА КАНДИДА

Еден од симптомите е габична инфекција на кожата, ноктите и стапалата; хроничен замор и фибромијалгија; дигестивни проблеми: подуеност, опстипација или дијареа; автоимуни болести:

Хашимото, ревматоиден артритис, улцерозен колитис, лупус, псоријаза или мултипла склероза; потешкотии со концентрација, лошо памтење и слични проблеми; кожни проблеми: екцем, псоријаза и осип; психолошки состојби: раздразливост, чести промени во расположението, ан.ксиозност или деп.ресија;

Потоа, чести и долготрајни ваги-нални инфекции, инфекција на уринарниот тракт, рек.тален или ваги-нален јадеж; тешки сезонски алергии или јадеж на ушите; силна желба за консумирање шеќер и јаглени хидрати.