Исперете ја косата на овој начин и таа со денови ќе биде чиста без да се замасти. Ова се важни фризерски совети кои секоја жена треба да ги знае доколку се грижи за здравјето и квалитетот на својата коса.




Многу е важно во текот на миењето на косата да ги направите следните четири работи, па таа нема да ви се замастува како претходно. Прво, многу е важно косата веднаш да не ја сушите со фен, а кога го користите, истиот да го држите на безбедно растојание за да не го оштети влакното.




Мократа косата потребно е да ја завиткате во пријатен пешкир кој лесно ја апсорбира влагата, а најдобро би било, наместо во пешкир, да ја завиткате во некоја памучна маица. Памукот најдобро ја апсорбира влагата и на овој начин таа ќе остане мазна.




Не треба да го триете коренот од косата, а не се препорачуваат ниту гpyби движења на самата коса. Многумина додека ја перат косата ја третираат како да перат алишта а не коса. Исто така, по миењето продолжуваат да ја три-јат со пешкирот за што побрзо да се исуши косата.




Но, ова е погрешно, бидејќи на тој начин се оштетуваат влакната и стануваат кршливи. Потребно е влагата да се истиснува со нежно притискање и натапкување со мек пешкир или памучна маица, без нагли движења.




Шампонот треба нежно да се втријува во коренот од косата, а не да се употреби силно три-ење. Со помош на јагодиците од прстите нежно поминете насекаде низ скалпот за да се осигурате дека со шампонот сте ја отстраниле нечистотијата.




На коренот никогаш не ставајте регенератор. Ова е грешка поради која за многу кратко, можеби веќе следниот ден, вашата коса ќе се измрси. Доколку имате долга коса, во тој случај регенератор ставајте долж косата, 15-20-тина см подалеку од коренот.




Ако пак имате пократка коса, тогаш регенераторот нанесете го само на врвовите од косата и на оние делови за кои сметате дека ви се заплеткуваат за полесно да можете да ја расчешлате косата. Исто така, многу е важно да се исцеди косата пред нанесување на регенератор (со нежни притискања).




ИЗБЕГНУВАЈТЕ РАМНО ФЕНИРАЊЕ. Кога косата е виткана, изгледа поубаво, сјајно и поздраво. Сите недостатоци може да се видат на целосно рамна коса, па затоа благите бранови се многу подобро решение.




КОРИСТЕТЕ СУВ ШАМПОН ЗА КОСАТА ДА ДОБИЕ ПОГОЛЕМ ВОЛУМЕН. Сувиот шампон е одличен за оние жени кои имаат тенка коса. Сувиот шампон и дава текстура на косата и ја прави визуелно побујна. Но, сепак со овој производ не треба да се претерува, бидејќи може да ја исуши косата.

Користете го овој трик во посебни прилики. Избегнувајте употреба на пегла за коса колку што можете повеќе. Правата коса може да создаде безживотен изглед.




КОРИСТЕТЕ МАСКИ ЗА КОСА ШТО Е МОЖНО ПОЧЕСТО. Редовната употреба на негување со маски за коса ќе ја оживее косата и ќе го врати нејзиниот сјај. Се препорачува да се користат еднаш неделно, а најдобро би било да содржат арганово масло.