Рецепт за вкусна штрудла која ќе ја обожавате. Постојат многу рецепти, но овој е проверен и одличен, за десетка!

Потребни состојки:

500 г брашно тип 400 (+-), 120 г путер/маргарин или маст, 1 коцка квасец, 1 лажичка шеќер, 250 мл млеко, 60 г шеќер

ФИЛ од ореви и чоколадо:

250 г мелени ореви, 50 г рендано чоколадо, 100 мл млеко, 3 лажици шеќер, 20 г путер/маргарин

За премачкување:

1 жолчка и малку вода

Постапка:

Загрејте го млекото да биде млако, одвојте малку, додадете лажичка шеќер и во него разматете го квасецот.

Преостанатото млеко ставете го во сад и во така подгреано додадете омекнат путер и мешајте додека целиот да се растопи.

Додадете брашно, шеќер и на крај стасаниот квасец и промешајте. Замесете тесто и оставете да се удвои. За тоа време пригответе го филот:

Оревите измешајте ги со шеќер и додадете крупно рендано чоколадо. Млекото загрејте го да биде врело и додадете путер во него да се растопи.

Така врело истурете го врз оревите и чоколадото и промешајте. Мешајте додека смесата да се изедначи.

Стасаното тесто премесете го и поделете го на два дела. Тестото со оклагија развлечете го во поголем квадрат. Секој дел премачкајте го со приготвениот фил (филот поделете го на два дела).

Од страна тестото малку превиткајте го и свиткајте го во ролат. Префрлете го во тепсија/плех.

Премачкајте го одозгора со жолчка изматена со малку вода. Печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час или додека да зарумени.

coolinarka.com